Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја потресе турската област Кахраманмараш

March 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди подрачјето на Оникишубат во турската област Кахраманмараш, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД).

Во соопштението објавено на интернет-страницата на АФАД се вели дека земјотресот се случил во 12:40 часот по локално време.

Се додава дека земјотресот со јачина од 4,4 степени се случил на длабочина од 7,52 километри.

Инаку, на 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Над 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, и многу луѓе во северозападна Сирија.

Во земјотресите во Туркије животот го загубија над 45.000 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Турско МНР: 16 држави поставија 34 теренски болници во областите погодени од земјотресите

Следно

Бојкот на вработените од одржување на влечните средства во Железници

Latest from Blog

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да
Go toTop