Трамп ја исклучи можноста за американски војници во Украина, но отвори врата за воздушна поддршка

August 21, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира распоредување на американски војници на украинска територија, но остави отворена можност САД да обезбедат воздушна поддршка како дел од мировен договор за прекин на војната меѓу Русија и Украина.

Изјавата доаѓа ден по вонредниот Самит во Белата куќа, на кој Трамп вети безбедносни гаранции во обид да се стави крај на конфликтот. Сепак, и понатаму останува нејасно каква конкретна воена помош би можела да добие Украина, додека Вашингтон и сојузниците сè уште ги прецизираат можните чекори.

„Кога станува збор за безбедноста, (Европејците) се подготвени да испратат војници на терен. Ние сме подготвени да помогнеме на различни начини, особено, најверојатно… од воздух“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Во подоцнежно интервју за радио-водителот Марк Левин, тој го опиша својот пристап кон преговорите за завршување на војната како „повеќе инстинкт, отколку процес“.

Само неколку часа по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, Русија изведе најголем воздушен напад врз Украина во последниот месец. Според украинските воздушни сили, биле испукани 270 дронови и 10 ракети, при што се предизвикани големи пожари во енергетски постројки во регионот Полтава, каде што се наоѓа единствената нафтена рафинерија во земјата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Нови Сад блокирана зградата на судот, се бара укинување на притворот на уапсените на протестите 

Следно

Активни пожарите во „Јасен“ и во атарот на селата Беловодица и Церово

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop