Во Нови Сад блокирана зградата на судот, се бара укинување на притворот на уапсените на протестите 

August 21, 2025
1 min read

Граѓаните на Нови Сад и денеска продолжуваат да ја блокираат зградата на судот и да бараат укинување на притворот за сите успсени од простестите. 

Блокадата веќе втор ден почнува во шест часот наутро и трае до крајот на работното време. Студентите во блокада од Универзитетот во Нови Сад изјавија дека се одлучуваат за овој чекор за да издејствуваат, укинување на притворот за, како што велат, сите политички затвореници. 

Како што јавува Нова, тие од утрово ги блокираат сите влезови во судската зграда, а полициската единица за интервенции е сместена во дворот на зградата во близина на официјалниот влез, кој е затворен. 

За време на вчерашната блокада на оваа зграда беа приведени покраинскиот претставник на Движењето на слободни граѓани Радивоје Јововиќ и активистката Исидора Челекетиќ. Тие се осомничени за наводно попречување на службено лице во вршење на службена должност и ќе бидат приведени до 48 часа.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пчела ја нападна Зои Кравиц на црвениот тепих, ја спаси Остин Батлер (ВИДЕО)

Следно

Трамп ја исклучи можноста за американски војници во Украина, но отвори врата за воздушна поддршка

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop