Дали вашата љубов завршила? Ова се знаци што не треба да ги игнорирате

August 19, 2025
1 min read

Дали знаете да препознаете кога е време да ставите крај на љубовната врска? Овие неколку совети можат да ви помогнат во тоа.

Форензичкиот и клиничкиот психолог д-р Џастин Д’Ариенцо сподели пет знаци дека љубовта завршила и дека е време да раскинете. Ако сте во врска подолго време, понекогаш е тешко да се види кога е вистинското време за заминување, особено ако сте вложиле многу труд, време и емоции во таа врска. Сепак, останувањето во врска без љубов е најлошата опција – долгорочно може да ви направи многу повеќе штета отколку добро.

Па, како да знаете дали само поминувате низ тежок период – или навистина е готово? Психологот Д’Ариенцо укажува на пет знаци кои можат да укажат дека вашата врска е завршена. Значи, ако се најдете во една од следните изјави, можеби е време да раскинете.

Веќе не ве интересира физичката и емоционалната интимност – Емоционалната интимност е основа на секоја врска. Значи, ако повеќе не чувствувате дека сакате да споделувате тага, радост или страв со вашиот партнер – тоа е гласен аларм за крај.

Повеќе би сакале да бидете сами отколку со партнерот – Замислете дека имате слободен ден, немате планови или обврски. Како би сакале да го користите? Дали би отишле некаде со партнерот, вечерта би ја поминале опуштени пред телевизор или на забава или попрво би одлучиле да го исклучите од тие планови? Доколку повеќе не сакате да го споделувате слободното време со него, тоа е и знак на тревога.

Секој разговор го завршувате со расправија – Ако секоја интеракција, без разлика колку е безопасна, води до расправија, тоа не е добар знак. Д-р Д’Ариенцо вели дека треба да бидете свесни дека кавгите се нормални во односите, но не секогаш кога разговарате.

Осудувате сè што прави вашиот партнер – Дали ве нервираат и најмалите работи што ги прави вашиот партнер? Можеби сега ве мачи нешто што претходно не сте го забележувале, можеби сега го обвинувате за некои работи што претходно воопшто не ве мачеле? Оваа реакција може да биде знак дека е време за разделба.

Повеќе не се грижите за партнерот – Ако забележите дека сте изгубиле интерес за партнерот, не ве интересира што прави, како функционира во текот на денот, со блиски луѓе или пријатели, веројатно не сте толку заинтересирани како некогаш. Тоа е знак дека вашата врска е завршена.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи

Следно

Коњановски најавува нова ера на стадионот „Петар Милошевски“

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop