Полн грст бадеми штити од оксидативен стрес

August 18, 2025
1 min read

Јадењето најмалку 60 грама бадеми секој ден може да Ве заштити од оштетувањето на ДНК и од оксидативен стрес – еден од тивките виновници за стареењето, воспаленијата и хроничните заболувања, се нагласува во ново истражување – објавено во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports). Во научниот труд, истражувачите собрале резултати од осум клинички испитувања за да го потврдат и разјаснат влијанието на бадемите кај возрасните луѓе.

Инаку, 60 грама бадеми се околу еден полн грст. Ова може некому да му изгледа многу, но истражувачите забележале јасна врска зависна од дозата: Учесниците кои консумирале повеќе од 60 грама бадеми дневно, покажале значително намалување на одредени маркери на оштетување на клетките. Прегледот на испитувањата имал за цел проценка и на влијанието на бадемите врз оксидативниот стрес. Се покажа дека јадењето бадеми може да ја подобри активноста на антиоксидантните ензими, особено Супероксид дисмутазата (СОД) – важен ензим којшто ги штити клетките од оштетување.

Сепак, нутриционистите предупредуваат дека ова е храна богата со калории и треба да се јаде умерено и рамномерно распоредена. Затоа, се препорачува како дел од урамнотежена исхрана, а не како додаток на калориите што веќе се внесуваат од другата храна.

Бадемите се богати со витамин Е, полифеноли и здрави масти – сите тие придонесуваат за антиинфламаторни и антиоксидантни дејства. Прегледот го истакнува потенцијалот на ова овошје како природен начин за борба против стресот на клеточно ниво. Сепак, научниците ја нагласуваат потребата од постандардизирани истражувања, бидејќи варијабилноста на резултатите била под влијание на неколку фактори, како што се начинот на подготовка на бадемите, здравствената состојба на учесниците и навиките во исхраната. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно – еве како се опоравува

Следно

Полицијата во Дубаи пронајде украден дијамант вреден 25 милиони долари

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop