Среќната Шерон Стоун: Повторно носам женска долна облека

August 18, 2025
1 min read

67-годишната актерка која се уште важи за секс бомба на филмското платно објасни дека нејзините синови – Роан (25), Леирд (20) и Квин (19) – дури и влијаеле врз нејзиниот избор на долна облека бидејќи сите живееле заедно под ист покрив, кој таа на шега го опиша како „смрдлива машка куќа“.

„Порано носев боксерки“, призна Шерон, за време на гостувањето во шоуто „Лејт најт со Сет Мејерс“.„Но, сега се вратив на женската долна облека“, нагласи таа со насмевка.

„Затоа што не носиш женска долна облека кога имаш толку многу мажи во куќата“, објасни ѕвездата на „Ниски страсти“, додавајќи дека практично се претворила во „маж“ кога растеле.

Сега кога нејзините синови „живеат на други места“, таа гордо изјави: „Јас сум повторно девојка“.

„Се надевам дека разбирате – повторно се чувствувам навистина женствено“, рече Шерон во шоу.„Ја оставив косата повторно да ми расте и тоа е неверојатно“, воодушевено изјавила актерката која долги години важеше за секс симбол во Холивуд.

Синовите на Шерон неодамна се појавија јавно со нивната мајка на премиерата на филмот ,,Nobody 2″во Лос Анџелес.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: ДУИ е корумпирана структура која стана товар за Албанците

Следно

Грозданов за Плусинфо: Рударството е шанса за економски развој на Македонија

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop