ВЛЕН: ДУИ е корумпирана структура која стана товар за Албанците

August 18, 2025
1 min read

ДУИ ја губи поддршката кај граѓаните. Од избори во избори, оваа партија бележи постојан пад на бројот на пратеници и градоначалници. Граѓаните, преку секои избори, јасно ја испраќаат пораката дека не сакаат повеќе да бидат предводени од корумпирана и потрошена структура. Наместо доверба, ДУИ се соочува со масовно разочарување и гнев од сопствениот електорат.

ДУИ речиси и да нема кандидати во албанските средини. На овие локални избори партијата нема свои кандидати во мнозинството општини каде што Албанците се апсолутно мнозинство – Гостивар, Струга, Сарај, Дебар, Врапчиште и многу други. Целосно се повлекоа од места кои некогаш беа симбол на албанската политичка организација. Таму каде што сè уште имаат кандидати, и самите знаат дека ќе изгубат, што е најјасен доказ за длабоката политичка криза во која се наоѓаат.

Ослабуваат и нивните коалициски партнери. ДУИ некогаш се претставуваше како фактор на обединување, но денес е напуштена од речиси сите сериозни партнери. Секојдневно политички партии и поединци си заминуваат од коалицијата, обвинувајќи ја раководната структура на Али Ахмети за погрешни политики и коруптивни практики. Со ДУИ останале само Данела Арсовска, партијата „Левица“ и неколку албански политичари купени со пари.

 

ДУИ е претворена во приватен бизнис. Денес, таа не е политичка партија, туку приватна сопственост на мал круг луѓе од врвот на раководството. Тие изградиле империја во енергетиката, трговијата, нафтата, градежништвото и недвижностите. Политичките позиции се користеле за лично богатење, додека граѓаните останале без решенија за нивните секојдневни проблеми. Со оваа партија останале само уценети и купени поединци.

Граѓаните континуирано ја казнуваат ДУИ. Изборите се најреалното огледало на политичката сила. На локалните избори, оваа партија нема да освои ниту една значајна општина. Нивниот политички пад одамна започна и претставува неповратен процес. Граѓаните, особено Албанците, конечно ја согледаа вистината: дека ДУИ не е средство за развој и еднаквост, туку пречка и товар за нивниот напредок.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач

Следно

Среќната Шерон Стоун: Повторно носам женска долна облека

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop