Ѓорѓе Јовановиќ е автор на постерот на Скопски џез фестивал 2025

August 13, 2025
1 min read

Визуелниот идентитет на годинешното издание на Скопскиот џез фестивал ќе биде постер изработен од уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кој, како што објави самиот на социјалните мрежи, со овој фестивал има повеќедецениска лична врска.

„Започнав да одам на концертите на Скопскиот џез фестивал во 1996 година, додека сè уште бев средношколец. Овој фестивал длабоко го обликуваше мојот музички вкус и мојот светоглед“ напиша Јовановиќ потсетувајќи на позначи имиња кои настапуваа на фестивалот во минатото, како Џон Лури и The Lounge Lizards, Џанлуиџи Тровези, Раби Абу Халил, како и на настапите на легенди како Орнет Колман, Пет Метини, Херби Хенкок, Чик Кореа и други.

„Затоа, за мене е голема чест и огромна радост што Оливер Белопета и неговиот тим ме поканија да го изработам постерот за годинешното издание на фестивалот. Ви благодарам, Скопски џез фестивал – се гледаме во октомври!“, напиша Јовановиќ.

Скопскиот џез фестивал се одржува секоја година во Скопје почнувајќи од 1982 година. Годинава ќе се одржи во октомври.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хармонија во движење: внатрешноста на новиот Audi Q3

Следно

Божиновска: Исплатени се субвенциите за ранливите семејства

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop