Орбан одби да го потпише писмото на ЕУ до Трамп

August 12, 2025
2 mins read

Сите погледи вперени кон Алјаска – Трамп порача: За танго се потребни двајца. 

На три дена од средбата со Путин – американскиот претседател тврди дека уште во првите две минути од  разговорот со рускиот претседател, ќе процени дали е можен договор. Изјави дека Русија е силна земја која знае како да добива војни, порача – Го победија Хитлер, го победија и Наполеон, го прават тоа долго време. 

Трамп откри дека имал разговори и со Виктор Орбан – го нарече многу паметен човек. Го прашал Орбан – дали Украина може да ја победи Русија…

– Дали Украина може да ја победи Русија? Ме погледна како да поставив глупаво прашање. Кажа дека Русија е огромна земја. Тие освојуваат земји, како и својот живот преку војни. Тие водат војни. Тоа прават. Тој кажа – Кина ќе ве победи преку трговија, Русија ќе ве победи преку војна. Сложена војна. Многу злоба. Зеленски го гледа тоа веќе три ипол години. Ќе ги ставам двајцата во просторијата, евентуално. Ќе бидам таму или не. И мислам дека ќе биде решено, изјави Доналд Трамп претседателот на САД. 

А Виктор Орбан, сам против ЕУ. Не го поддржа ставот на Унијата, во пресрет на средбата Трамп – Путин. Во три точки им порача дека е тажно тоа што ЕУ е тргната настрана од разговорите меѓу САД и Русија и дека уште полошо е да дава инструкции од клупата. 

Виктор Орбан премиер на Унгарија:  

1. Изјавата се обидува да постави услови за состанок на кој лидерите на ЕУ не беа поканети.

2. Фактот дека ЕУ беше оставена настрана е доволно тажен каков што е. Единственото нешто што може да ги влоши работите е ако почнеме да даваме инструкции од клупата. 

3. Единствената разумна акција за лидерите на ЕУ е да иницираат самит ЕУ-Русија, врз основа на примерот на состанокот САД – Русија. Да му дадеме шанса на мирот! 

Останатите 26 земји членки без Унгарија, пак, усвоија став во кој побараа праведен мир, кој не може да биде склучен без Киев. 

– Да ги поделиме териториите и сферите на интерес. Но, јасно е дека не оди така. Украина е многу јасна. Европа е многу јасна. Не можеме да прифатиме нешто доколку Украина не го прифати тоа, порача Каја Калас високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ 

Русија не се спрема за мир, туку за нови офанзиви, изјави Зеленски.

– Гледаме дека руската армија не се подготвува да ја заврши војната. Напротив, тие прават движења што укажуваат на подготовки за нови офанзивни операции. Во такви околности, важно е единството на светот да не биде загрозено, порача Володимир Зеленски претседател на Украина. 

Украина засега не е поканета на претстојниот самит, кој ќе се оддржи в петок на Алјаска, каде Путин и Трамп ќе разговараат за можно решение на војната. 

Шефот на Пентагон – Пит Хегсет, предупреди дека договорот ќе вклучува отстапки со кои никој нема да биде задоволен. Во меѓувреме, Трамп префрли бомбардери на границата со Русија пред разговорите со Путин.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Савовски: Дуелот со Грција е еден од најважните летово

Следно

Пожарите ја однесоа првата жртва во Црна Гора

Latest from Blog

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот
Go toTop