Власта и опозицијата во Охрид во клинч за туризмот на сметка на автентичноста на градот

August 12, 2025
1 min read

Културно-истористиските знаменитости, паднаа во сенка во трката за профит.Опозицијата и власта во Охрид во клинч околу прашањето во каков град се претвора најголемиот македонски туристички центар и со каква понуда развива туризам.

Советничката од СДСМ Живка Ангелоска критикува дека градот е претворен во бетон и панаѓур. Градоначалникот Пецаков вели дека урбаната опрема на кејот е нешто што градот го има десет години наназад,истото го нудат  сите туристички центри во регионот и не гледа проблем, бидејќи трае само два месеци.

И оваа сезона критики има и за збиеноста на концертите во јули и август.

И граѓаните низ социјалните мрежи а и дел од туристичките работници се на ставот дека Охрид не заслужува толку густа понуда на кич и турбо фолк во краток туристички бран од два месеци. Од општината велат дека тоа не е во нивен домен и дека организаторите на концертите сами си ги резервираат датумите најчесто кога е шпицот на сезоната за да направат поголем профит.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Експерти ќе решаваат за потписите – Кондарко вели дека деновиве ќе го прецизираат упатството за независните

Следно

Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop