Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер

August 12, 2025
1 min read

Неколку пожари се активни денеска на отворен простор низ државата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најсериозна е ситуацијата на територијата на Општина Македонски Брод, во ловиштето „Јасен“, каде пожарот со денови не може целосно да се стави под контрола.

-Овој пожар е активен неколку дена. Иако повеќе пати беше ставен под целосна контрола, а на моменти и целосно изгаснат, поради исклучително непристапниот терен некои негови краци повторно се реактивираат, зафаќајќи поголема површина, изјави Ангелов.

Во гаснењето се вклучени три хеликоптери – два од МВР и еден од Армијата, кои дејствуваат од раните утрински часови. На терен се распоредени 15 припадници на специјалните единици на МВР и 26 припадници на специјалните единици на Армијата, кои заедно со екипите на ЈП „Јасен“ и неколку тимови од Национални шуми, се обидуваат да воспостават контрола над огнената стихија.

Ангелов соопшти дека активен е и пожарот во атарот на село Крапа во Македонски Брод, близу пожарот кој што беснеел и пред 20-тина дена.

-Засега се работи за мал пожар и сум оптимист дека истиот ќе биде набргу ставен под контрола, а потоа изгаснат. Се уште се работи на гасење на пожарот во близина на скопското село Свиларе, каде што на терен се наоѓаат Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со поддршка на два пинцгауери на ДЗС, рече Ангелов посочувајќи дека во моментов нема други пожари кои може да се издвојат како тешки за гаснење.

Информира дека во текот на вчерашниот ден имал тежок пожар за гаснење во територијата на Кичево, кој избил во атарот на селото Челопејци. Овој пожар, потенцира тој, кој тргна кон блиските воени објекти и претставуваше закана за селото, беше изгаснат со брза и агресивна реакција.

-Кон него итно упативме два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, како и двата Ер-трактори на ДЗС. Од земја покрај екипите на ТППЕ Кичево, во гаснењето учествуваа и повеќемина припадници на Армијата, ни значителна поддршка дадоа и локалните жители. Овој многу тежок пожар кој што беше активен до доцните часови во ноќта и во 2 часот по полноќ беше целосно изгаснат. Оставени се патроли кои патролираат за да не дојде до негово реактивирање на некои од неговите краци. Состојбата со овој пожар е мирна, истакна Ангелов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Власта и опозицијата во Охрид во клинч за туризмот на сметка на автентичноста на градот

Следно

Исак по секоја цена сака да замине од Њукасл

Latest from Blog

Воена вежба на кинеската армија во близина на филипинскиот остров Лусон

Вежбата, во која беше вклучена боева муниција, вежби за координација на море и воздух, брзи маневри и надополнување гориво на море, имаше за цел тестирање на интегрираните заеднички борбени способности. Но, кинеската

Уште еднен повреден работник е донесен во Ургентниот центар на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“

Уште еднен повреден работник е донесен во Ургентниот центар на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, вели д-р Игор Мерџаноски, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и

Комуналец – Прилеп: Продолжува уредувањето на јавните површини

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведува активности за уредување на јавниот простор преку бојадисување на жардиниерите во централното градско подрачје. Акцијата се реализира на потегот од паркот кај „Шах“, покрај Домот на култура

Престиани доби шест меча суспензија од УЕФА

Играчот на Бенфика, аргентинецот Џалука Престиани, доби шест меча суспензија од страна на УЕФА, поради инцидентот со Винициус Жуниор за време на мечот од Лигата на Шампоните против Реал Мадрид. Тогаш Престиани

Коњановски: Со нови проекти ја подобруваме патната мрежа во Битола

Денеска започна асфалтирањето на улицата „СРУ 5“, значајна сообраќајница во просторот на поранешната касарна во Битола, која ги поврзува улиците „Партизанска“ и „Крушевска Република“. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека
Go toTop