Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични

August 12, 2025
1 min read

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу  изјави дека денеска има 30 активни пожари низ целата земја, од нив пет се најкритични.

За медиумите подвлече дека продолжува максималната ангажираност за гаснење на пожарите од земја и воздух и изрази благодарност до земјите кои се одѕвале за помош.

-Покрај противпожарни единици, армиски и полициски сили, доброволци, во гаснењето на пожарите вклучени се еден „Канадер” од  Хрватска,  два авиони PZL  од Грција, два  „Блек Хок” хеликоптери од нашата армија, по еден од Чешка и Словачка и два од Обединетите арапски емирати, рече Венгу.

Од Поличан, каде што ја следеше ситуацијата на терен, Венгу нагласи дека повеќето пожари се намерно подметната, но има и такви што се реактивираат како резултат на неможноста да се контролираат сите опожарени области по нивното гаснење.

Според него најкритична е состојбата во Поличан,  Рогожина Каваја, Сири и Каљтер и Зал -Хер кај Тирана.

-Во овие моменти, во Зал-Хер се води силна битка со пламените јазици. Дали случајно или не, пожарот е помеѓу два армиски објекти, бесмислено дури и од историска гледна точка.  Се обидуваме со сите  структурите,  да го изгаснеме. Но, треба детално да се истражи, рече тој.

Високите температури кои се над 40 степени, ветерот, и недостапните терени, додава Венгу, дополнително го отежнуваат гаснењето на пожарите.

Во неколку населени места жителите се евакуирани, како и „над 100 туристи од туристичкото место Сири и Каљтер, кое е заштитено природно богатство”.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лил, Фенербахче и Џенова влегоа во трка за Димитриевски

Следно

Алкалоид и Комерцијална банка доминираа по промет; МБИ10 -0,05 %

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop