Средбата Путин – Трамп ќе се одржи во петок во Алјаска

August 9, 2025
1 min read

Размена на територии или прекин на војната помеѓу Русија и Украина ќе биде централната тема на претстојниот самит меѓу двајцата светски лидери, закажан за наредната недела во Алјаска.

За американскиот претседател Доналд Трамп, сите сценарија остануваат можни, вклучително и размена или загуба на територии од страна на завојуваните држави. Преку објава на социјалните мрежи, Трамп изрази очекување за конструктивна средба со својот руски колега.

Телоп: Доналд Трамп, претседател на САД

„Многу е комплицирано. Но, ќе добиеме нешто назад, а нешто ќе размениме. Ќе има размена на територии за доброто на двете страни, но за тоа ќе разговараме подоцна или утре“, рече тој.

Средбата е потврдена и од страна на Кремљ. Од кабинетот на рускиот претседател истакнаа дека самитот ќе се одржи на 15 август, а според портпаролот Јуриј Ушаков, избраната локација — Алјаска — е логична, со оглед на географската блискост на двете земји.

Телоп: Јуриј Ушаков, службеник во кабинет на Владимир Путин

„Американската страна штотуку објави дека е постигнат договор за организирање средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во петок, 15 август, во Алјаска. Русија и САД се блиски соседи, граничат едни со други. И се чини сосема логично нашата делегација едноставно да прелета над Беринговиот теснец и толку важен и очекуван самит на лидерите на двете земји да се одржи во Алјаска“, рече претставникот на Кремљ.

По најавата за средбата, се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој истакна дека Украина не може да го прекрши својот Устав кога станува збор за територијалниот интегритет, нагласувајќи дека „Украинците нема да ја дадат својата земја на окупаторите“. Според него, идејата за размена на територии претставува „мртви решенија“ кои не можат да функционираат, додека, според Зеленски, вистинска потреба е мирот што ќе биде општо прифатен и одржлив.

Тонско: Володомир Зеленски, претседател на Украина

„Трамп најави средба со Путин на Алјаска. Далеку од оваа војна која се случува на нашата земја, против нашиот народ, и таа не може да биде готова без нас, без ние да одлучиме, без Украина. Путин не верува во нашиот народ, и пред да стори било што тој ќе посегне по Украина. Тука е најголемата грешка, не може да се добие Украина административно, затоа јас верувам во нашиот народ, украинците се силен народ, Украина го брани тоа што е нејзино, украинците си го бранат своето. Дури и оние што се на страната на Русија знаат дека таа прави зло. Секако, нема да ѝ дадеме награди на Русија за она што го стори. Украинскиот народ заслужува мир.“

Средбата на Алјаска има и симболично значење. Алјаска, како најсеверна и најголема американска сојузна држава, е откриена од руска експедиција во 1732 година. Подоцна, во 1867 година, Руската Империја ја продала територијата на Соединетите Американски Држави.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за здравство времено ги презема ингеренциите на стоматолошката комора

Следно

Дојде пекол: Во Македонија и на Балканот почнa топлотниот бран, прогноза за следните денови

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop