Министерството за здравство времено ги презема ингеренциите на стоматолошката комора

August 9, 2025
1 min read

Лиценцирањета на стоматолозите привремено ќе ги прави министерството за здраство наместо комората. Министерот Азир Алиу ја донел одлуката поради сомневање дека имало злоупотреби при издавањата.

Алиу на прес појасни дека одземањето на јавното овластување на Стоматолошката комора ќе биде се додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионално.

Одлуката е донесена за да се зачува и заштити довербата на здраствениот систем вели министерот Алиу, ова не било казна туку почеток на реформата што ќе ја врати довербата во институцијата. Во комората влегла и финансиска полиција поради како што вели финансиски злоупотреби.

Телевизија 24 побара коментар од комората за одлуката на министерот, но до емитување на прилогот не добивме одговор. . Од управата за финансиска полиција пак велат дека се превземаат мерки, активности и врши криминалистичко истражување со цел утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност.

Финансиска полиција

– Во таа насока од страна на овластени службени лица активно се работи на анализа на податоците и документацијата претходно обезбедена од Стоматолошката комора на Македонија, со цел утврдување на евентуални неправилности и инкриминирани дејствија во рамките на надлежноста. По комплетирање на проверките, Управата за финансиска полиција ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежен јавен обвинител.

Според министерот Алиу ваквите постапки претставуваат директен удар врз една од петте столбови на неговата визија за здравството. А Комората мора да има кредибилен законски и транспарентен систем за лиценцирање.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Појасот Газа, каде што Израел спроведува глад, уште 11 лица починаа од глад во последните 24 часа

Следно

Средбата Путин – Трамп ќе се одржи во петок во Алјаска

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop