ИЗЛОЖБА ЗА АРХИТЕКТКИТЕ КОИ ГО ГРАДЕЛЕ ПОСТЗЕМЈОТРЕСНО СКОПЈЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ЊУЈОРК

August 8, 2025
1 min read

Утре во Галеријата МЦ во Њујорк, која е Македонски културен центар, ќе се отвори изложбата „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“.  Автори на проектот се Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски и Бојана Стојменовска. Изложбата во декември 2021 беше отворена во Музејот на Северна Македонија.

Фокусот на изложбата е придонесот на жените архитекти во архитектонската сцена во Социјалистичка Република Македонија, особено во периодот на постземјотресната обнова на Скопје.

Според авторите на изложбата, периодот на 1960-те, 1970-те и раните 1980-те години е време на интензивно архитектонско и урбанистичко творештво за Мимоза Томиќ, Вера Ќосевска, Љубинка Маленкова, Олга Папеш, Василка Ладинска и многу други авторки.

„Во втората половина на 20. век, значително се менува улогата на жената во македонското општество. Во новонастанатиот политички, економски, социјален и културен контекст, жените го прават својот прв пробив во мноштво професии, кои претходно се сметале за ‘машки’. Обемниот и сеопфатен модернизациски и еманципаторски проект значи забрзано менување на структурата и ликот на градовите, а жените архитектки рамноправно учествуваат во обликувањето на новиот животен простор. Образовани во веќе реномираните архитектонски школи и културни центри – Белград, Загреб и Љубљана, каде архитектонскиот модернизам навлегува директно од европските центри – Париз, Берлин, Виена, Прага, по нивното враќање во Скопје имаат силно влијание врз развојот на македонската архитектонска сцена, ширејќи ја модернистичката идеја и култура помеѓу помладите генерации на архитекти“, велат авторите на проектот.

Изложбата е резултат на едногодишниот проект од областа на културата и архитектурата насловен „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата го спроведе со пари од Амбасадата на Швајцарија.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Српските туристи револтирани – хаос и долги колони на граничниот премин Табановце

Следно

Нова кошничка: До 15% попуст за училишен прибор – Дурмиши со последна опомена за трговците со храна

Latest from Blog

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна

Денеска на Мундијалот: Стартува “Последниот танц“ на Роналдо, мега – дерби меѓу Англија и Хрватска

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони

Binance повторно ја потврдува својата посветеност кон европските корисници и намерата да продолжи да работи во целосна согласност со важечките прописи низ целиот континент, при што ја нагласува важноста од правична, предвидлива

ЗАВРШЕНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЈАНУКОВИЧ и поранешни функционери за настаните на Мајдан

Обвинителите и истражителите на Државното биро за истраги на Украина ја завршија истрагата против поранешниот претседател Виктор Јанукович и 16 поранешни високи државни функционери, во врска со обвиненијата за создавање криминална организација
Go toTop