Нова кошничка: До 15% попуст за училишен прибор – Дурмиши со последна опомена за трговците со храна

August 8, 2025
1 min read

Од 15 август почнува владината „Училишна кошничка“ која ќе трае до 15 септември. Трговците треба да ги намалат цените на училишниот прибор до 15 проценти. Целта е заштита на семејниот буџет и помал притисок врз родителите пред почетокот на новата учебна година. Министерот за економија кажа дека ланската училишна кошничка била исклучително успешна, а заштедите по ученик изнесувале од 750 до 2.000 денари.

„Одлуката предвидува обврска за сите трговци и на големо и на мало да ги намалат цените на училишниот прибор. И тоа најмалку 10 % во трговијата на големо, најмалку 15 проценти во трговија на мало. Со ова мерка се опфаќаат сите продавници што нудат училишен прибор. Од книжарници, спортски продавници до супермаркети.“, изјави Дурмиши.

Мерката опфаќа широк спектар производи како тетратки, ранци, моливи и други основни материјали. Цените ќе се споредуваат со референтната цена од 1 јуни годинава или со набавните документи за поново внесени производи.

Дурмиши денеска ќе има средба со трговците, производителите и со дистрибутерите со храна. Рече дека ова ќе биде последна опомена до нив да не си играат со цените. Во спротивно Владата ќе воведе поригорозни мерки.

„Нашето барање ќе биде да дејствуваат соодветно. Да дејствуваат според економските трошоци што они ги имаат, да не изигруваат со цени, да не ги покачат цените. Ова ќе биде крајна опомена, ова ќе биде крајна опомена што јас ќе им ја кажам.“, рече Дурмиши.

Дурмиши рече дека инфлацијата „од трпезата преминала на резервоарите“. Според него цените на храната се стабилизирале, а инфлацијата преминала во хотелските фактори, забавата, транспортот и повисоките цени на горивата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЗЛОЖБА ЗА АРХИТЕКТКИТЕ КОИ ГО ГРАДЕЛЕ ПОСТЗЕМЈОТРЕСНО СКОПЈЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ЊУЈОРК

Следно

„Кларинетска одисеја“ во Хераклеја: Вечер исполнета со емоции, виртуозност и аплаузи

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop