Српските туристи револтирани – хаос и долги колони на граничниот премин Табановце

August 8, 2025
1 min read

На граничниот премин Табановце утринава владееше вистински хаос – километарски колони, нервозни возачи и чекање под жешкото сонце предизвикаа револт кај патниците, особено кај оние кои транзитираат од Србија кон Грција и обратно.

Српските туристи на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа на кои се гледаат долги редици од возила, некои и по неколку километри, со коментари дека чекањето траело повеќе од два часа. Според нив, гужвите се резултат на зголемен туристички сообраќај во шпицот на летната сезона, но и на бавните процедури при пасошката и царинската контрола.

„На 40 степени да стоиме вака е ужасно. Малку повеќе шалтери или подобра организација би го намалила хаосот,“ напиша еден патник на „Фејсбук“.

Од македонската гранична полиција велат дека се работи со зголемен број екипи, но дека протокот на возила е забавен и поради дополнителните безбедносни проверки во согласност со европските регулативи. „Се прават напори да се забрза преминот, но во пикови од ваков тип, гужвите се неизбежни,“ наведуваат од МВР.

Табановце е еден од најфреквентните гранични премини на Западен Балкан, преку кој летно време поминуваат илјадници возила дневно. Туристичките агенции предупредуваат патниците да тргнуваат порано, да носат доволно вода и да бидат трпеливи, бидејќи слична состојба се очекува и во наредните викенди.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Криминалец осуден за убиство избега од затвор

Следно

ИЗЛОЖБА ЗА АРХИТЕКТКИТЕ КОИ ГО ГРАДЕЛЕ ПОСТЗЕМЈОТРЕСНО СКОПЈЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ЊУЈОРК

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop