Кина се спротивставува на „опасниот“ план на Израел за окупација на Газа

August 8, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Кина денес изрази „сериозна загриженост“ поради израелската одлука за окупирање на Газа и го повика Израел веднаш да ги прекине своите „опасни дејствија“, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека Газа му припаѓа на палестинскиот народ и е неотуѓив дел од палестинската територија.

„Итно прекинување на огнот е правилниот начин за ублажување на хуманитарната криза во Газа и обезбедување на ослободување на заложниците. Прекинот на огнот е исто така клучен за целосно решавање на конфликтот во Газа“, рече тој, додавајќи дека само тоа може да го отвори патот за деескалација на конфликтот и заштита на регионалната безбедност.

Пекинг ја повтори својата поддршка за решението со две држави и изрази подготвеност да соработува со меѓународната заедница за да се стави крај на борбите, да се деескалираат тензиите и да се постигне „сеопфатно, праведно и трајно“ решение за палестинското прашање.

Според Канцеларијата на израелскиот премиер Нетанјаху, израелските сили ќе се подготват за окупирање на градот Газа. Најновите сателитски снимки покажуваат дека израелската војска акумулира војници и опрема во близина на границата со Газа, потенцијално како подготовка за нова копнена инвазија на палестинската територија.

Израелските копнени операции во Газа се во тек од октомври 2023 година, со прекини, за време на двата прекини на огнот.

Израелскиот Кабинет за безбедност, исто така, одобри пет клучни принципи за завршување на војната: расформирање на палестинската група Хамас, обезбедување враќање на сите заложници – живи и починати – демилитаризација на Појасот Газа, обезбедување израелска безбедносна контрола врз областа и воспоставување цивилна влада која нема да биде предводена од Хамас или Палестинската самоуправа.

Оваа нова операција на Израел, за која се очекува да трае најмалку шест месеци, доаѓа и покрај тоа што Тел Авив се соочува со растечки гнев поради неговата деструктивна војна во Газа, каде што повеќе од 61.200 луѓе се убиени од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај на геноцид во Меѓународниот суд за правдата за неговата војна во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Во Битола се поставува споменикот на војводата Турунџев

Следно

Криминалец осуден за убиство избега од затвор

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop