Коњановски: Во Битола се поставува споменикот на војводата Турунџев

August 8, 2025
1 min read

Денес беше поставен споменикот на македонскиот војвода Александар Турунџев на новоизградениот кружен тек кај Ат-пазар во Битола, на местото каде што војводата бил обесен пред 120 години.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја истакна важноста на овој чин, нагласувајќи дека со тоа Битола му оддава вистинска почит на еден од своите историски херои.

„Со изградбата на кружниот тек и поставувањето на споменикот на Александар Турунџев, правиме историска и морална исправка. Конечно, споменикот добива достојно место, таму каде што му е и местото – на самиот локалитет каде што е измачуван и убиен војводата“, изјави Коњановски.

 

Споменикот беше изработен пред осум години, откако во 2015 година беше донесена одлуката за негово подигнување. Но, поради инфраструктурни пречки, истиот досега стоеше во општинскиот двор.

Со заложбата на градоначалникот и локалната самоуправа, кружниот тек кај ветеринарната станица е веќе изграден, а во наредните денови ќе се изведуваат завршните работи на постаментот и хортикултурно уредување на просторот.

Планирано е до 30 август, на 120-годишнината од смртта на Турунџев, просторот да биде целосно уреден и официјално откриен.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две 45-годишни лица од Гевгелија пронајдени починати во ист ден во своите домови

Следно

Кина се спротивставува на „опасниот“ план на Израел за окупација на Газа

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop