ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

August 7, 2025
2 mins read

Од страна на ДИК беше усвоено упатство за именување на претседател, членови и нивни заменици во избирачките одбори, кое произлегува од законските обврски за формирање нови состави од редовите на државната администрација, со оглед дека оваа година истече четири -годишниот мандат на избирачките одбори кои беа избрани пред локалните избори во 2021 година.

Како што посочи претседателот на ДИК Борис Кондарко, беше донесена и методологија за именување на претседател членови и нивни заменици на новите избирачки одбори. Изборот, нагласи тој, ќе се спроведе преку систем на случаен избор од Министерството за јавна администрација (МЈА), согласно важечките законски процедури и врз основа на упатство за родовата и националната застапеност. 

 -Предлог методологија за именување на претседател, членови и нивни заменици на новите избирачки одбори произлегува од донесено упатството а се однесува за новиот избор кој ќе следи до крајот на август на новиот состав од редовите на администрацијата по што во септември ќе следи нивна соодветна обука и доставување прирачници за нивната работа, изјави претседателот на Државната изборна Комисија Борис Кондарко

Кондарко посочи дека оваа точка е поврзана со претходно усвоеното Упатство (точка 10) и претставува логичен следствен чекор во постапката за составување на новите избирачки одбори во пресрет на Локалните избори 2025 година.

Едногласно беше усвоена и Предлог-одлука за измена на описот на избирачки места во кои бројот на избирачи надминува 1000 како дел од редовната постапка за усогласување со законската одредба дека на едно избирачко место не смее да има повеќе од 1.000 избирачи. Промените се однесуваат на избирачки места во општините Гостивар, Кисела Вода, Чаир, Струмица, Куманово и во Тетово, каде што ќе се изврши нова распределба на гласачите – без да се менува вкупниот број на избирачки места. Овие одлуки се дел од подготвките за одржување на изборите во согласност со Изборниот законик и со цел обезбедување фер и ефикасен изборен процес.

На седницата исто така беше усвоена и Предлог-одлуката за неможност за извршување на работни обврски по два или повеќе основи во постапка за организирање и спроведување на ист изборен процес и Предлог-одлука за изгледот на беџовите за идентификација.

ДИК ја усвои и Предлог-одлуката за измена и дополнување на Годишниот план за вкупни потреби за јавни набавки за 2025 година на ДИК.

Членот на ДИК Ангелчо Ристов рече дека предмет на измена во Годишниот план се набавка на сервер за системскиот и софтверскиот оддел на ДИК. Втората е набавка на систем за складирање на податоци, исто така, наменет за серверскиот оддел на Комисијата. 

Беше усвоена и Предлог-одлука за дополнување на Упатството за работа на Oпштинските изборни комисии и Општинската изборна комисија на град Скопје (бр. 08-873-1 од 13.03.2024). Се работи за дополнување на Упатството за работа на ОИК и ОИК Скопје (бр. 08-873/1 од 13.03.2024).

-Со измената, во член 2, став 5, се додава реченица со која се пропишува дека: „Секретарот на ОИК и КГС не смее да биде член на семејство, брачен или вонбрачен другар, дете, родител, брат, сестра или лице што живее во заедничко домаќинство, ниту блиско лице во брачна или вонбрачна заедница со претседателот на ОИК; роднина по крв во права линија и странична до четврти степен, роднина по сватовство до втор степен, како и физичко или правно лице со кое претседателот на ОИК има финансиски интерес согласно член 8, ставови 3 и 4 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.“ Останатите одредби од упатството остануваат непроменети, рече Светлана Карепетрова. 

Воедно, комисијата го прифати Предлог-правилникот за неможност за извршување на повеќе работни обврски по два или повеќе основи во постапката за организирање и спроведување на еден ист изборен процес. Во самата одлука се наведува дека следните категории лица не можат истовремено да бидат ангажирани по повеќе основи од страна на ДИК: членови на изборни органи, членови на избирачки одбори, членови и секретари на општински изборни комисии, сертифицирани обучувачи за изборни органи, лица ангажирани како помошни тела во Стручната служба на ДИК.

Кондарко најави дека на денот на распишување на изборите ДИК ќе одржи јавна седница на која ќе го донесе роковникот со изборни дејствија што ќе следат. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Експлозија во апартман во Грција: Повредени 5 српски туристи, двајца со изгореници од прв и втор степен

Следно

Турскиот министер Фидан: Анкара ќе продолжи да стои покрај сирискиот народ

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 21 октомври 2025 година

Овен Во вторник, храброста и решителноста се вашите најсилни оружја. Агресивниот пристап ќе ви помогне да ги надминете пречките што претходно изгледаа непремостливи. Вториот работен ден од неделата е идеален за вас

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп – Градско

Сообраќајот на патот А1 Прилеп-Градско кај „Заполошки мост“ е нормализиран откако беше во прекин од синиќа во 22:40 чсот поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по

Што се случува со Каби Ламе? Лажни приказни за неговата смрт циркулираат на интернет

Првата приказна што циркулира на интернет е дека тој починал во сообраќајна несреќа, а втората дека бил приведен од страна на американската Служба за имиграција и царина (ICE). Гласините збунија милиони обожаватели

Георгиев: Ќе обезбедиме коридор низ Бугарија за авионот на Путин до Будимпешта

Шефот на бугарската дипломатија , Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин на пат кон Будимпешта, за средба

Брентфорд славеше на гости кај “Чеканите“!

ФОТО: Brentford FC/FB Можеби резултатот од 0:2 не покажува колку Брентфорд беше подобар од Вест Хем вечерва во меч од 8.коло во Премиер-лигата,ама според играта и настаните на теренот, гостите требаше да
Go toTop