Без провизија подигање пари од банкоматите во Грција за грчките банки – за трети страни плафон од 1,5 евро

August 7, 2025
1 min read

Од понеделник стапува во сила новата регулатива во Грција за висината на провизијата при вадење готовина од банкоматите во земјата, која се сведува на нула за грчките банки, а за трети страни, односно банки кои не се дел од грчкиот банкарски систем се воведува плафон – максимално ограничување во висина од 1,5 евро, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за национална економија и финансии на Грција соопштија дека врз основа на новата регулатива изгласана пред две седмици, „трошоците за подигање готовина од банкомати на грчки банки се целосно укинати, а во исто време се утврдува национален максимален лимит (горна граница) од 1,50 евра за подигање готовина од банкомати на трети страни“.

Поконкретно, регулативата предвидува нула провизија од банкоматите на сите банки кои учествуваат во грчкиот меѓубанкарски систем; укинување на трошоците од трети страни кога постои директна или индиректна капитална врска со банката на клиентот; нула трошоци во местата каде што постои само еден банкомат; горна граница од 1,50 евра за подигање од банкомати на трети страни; бесплатна проверка на состојбата без разлика од која банка е картичката, како и законска гаранција дека ниедна банка не може да им наплаќа на своите клиенти за подигање готовина.

Министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис рече дека регулативата „има општествена димензија, која докажува дека државата директно одговара на потребите на граѓаните“, а се елиминираат „неправедните и прекумерни трошоци, осигурувајќи дека секој граѓанин, каде и да живее, ќе има слободен пристап до своите пари“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи – против три лица поднесени кривични пријави

Следно

Објавен оглас: Инвертер клими за ранливите семејства – Министерството за енергетика издвојува 170 милиони денари за борба против енергетската сиромаштија

Latest from Blog

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво

УНИ Банка перпетуални обврзници (UNIPO2), Македонски Телеком (TEL) и Алкалоид (ALK) со најголем неделен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво
Go toTop