Еден месец од разорните земјотреси во Туркије

March 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Помина еден месец од разорните земјотреси што ги погодија Туркије и Сирија, јавува Анадолу.

Најмалку 45.968 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари погодија околу 13,5 милиони луѓе во областите Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.

Во соседна Сирија загинаа повеќе од 3.500 луѓе, а повеќе од 5.200 беа повредени.

Целиот свет сочувствува со болката на турскиот и сирискиот народ. Уште од првите денови пристигнува помош од различни делови на светот. Меѓу земјите кои испратија спасувачки тимови и помош во облека, ќебиња, греалки и храна се и земјите од Западен Балкан.

Многу хуманитарни организации, институции, членови на невладиниот сектор и поединци собраа и испратија помош во изминатиот период од Албанија, Косово, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, и Хрватска.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По седумчасовен распит, судот му одреди притвор на шефот на железничката станица во Лариса 

Следно

Седум лица загинаа во оружен напад во Хондурас

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На
Go toTop