ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ КОНКУРС ЗА ТВ-СЕРИИ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ МИЦЕВСКИ

July 31, 2025
1 min read

Работиме на конципирање на конкурс за серии кој би бил отворен во јануари, веќе десет години немало ваков конкурс во Агенцијата за филм, рече директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски, на вчерашниот брифинг со министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Зборувајќи за филмските проекти, Мицевски рече дека периодов се снима филмот „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“) на режисерот Милчо Манчевски, а до крајот на годината ќе се снимаат уште два,  можеби и три долгометражни филма, „Тајната на голиот рид“ на Игор Алексов и „Мравките го спасуваат светот“ на Марјан Гавриловски.

Мицевски кажа и дека се работи на јасно дефинирање што е филм од национален интерес.

„Има многу дела кои мислам дека не треба да припаѓаат во таа категорија и треба да се јават за финансирање во МРТ или во други сродни институции“.

Мицевски e филмски и ТВ-монтажер и дизајнер на звук, кој на 20 јуни беше именуван од Владата за в. д. директор на Агенцијата за филм. Тој вчера зборуваше и за тоа дека е четврти директор за период од повеќе од една година.

„Со многу работа и со многу млада енергија се ‘пеглаат’ работите, но има уште многу работа. Јас сум од редот на филмските работници и како член во Филмскиот совет пет години доволно добро бев запознат каде се заплеткани работите во Агенцијата и можам да ги разберам и внатре проблемите на филмските работници. Имаше многу забелешки од Државниот завод за ревизија и генерално од јавноста за начинот на кој се финансираат филмовите и како се одвива процесот на бодување на проектите. Наоѓам начин како јавноста да биде информирана согласно законската рамка за бодовни листи за тоа кои се рецензенти и кои се условите некој да биде рецензент, како се доделуваат средства и слично. Сакам да им помогнам и на младите филмски работници и да направам отворен ден во Агенцијата за филм за да можат да добијат поддршка и информации, Во крајна фаза сме на објавување резултати од првиот рок на конкурсот. Се надевам дека ќе биде во најбрз можен рок“, кажа Мицевски.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

303 000 евра за пратенички километражи

Следно

Мицкоски: Тоа што не успеа Тодор Живков и плејада други бугарски политичари со Македонија, успеа во време на СДСМ – ерес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

Latest from Blog

Владата одобри вработување на 300 приватни специјализанти

Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава. Со вработувањето на 300 приватни специјализанти ќе се овозможи:

Нови спортски терени за битолските ученици – продолжува големата инвестиција во образованието

Се асфалтираат и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познатото во јавноста како турско училиште. Увид во градежните работи направи градоначалникот Тони Коњановски со одговорните за проектот кој предвидува два

САД ја поддржуваат енергетската независност на Македонија, порака од средбата Божиновска–Варнс

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Главен фокус на средбата беше динамиката во

Пад на МБИ10 и мирен ден на Македонската берза – промет од 4,45 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.357,24 поени. Во

Сите да одговорат за 53 дена: Инфантино ги „поткупува“ Федерациите со по 40 милиони долари?!

фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X) Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им нуди на земјите-членки на ФИФА дел од приходите од продажбата на нивниот дел од правата за Светското првенство, идеја
Go toTop