Туркије со повик за поддршка на развојот и напредокот на ранливите земји

March 5, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, ја истакна потребата од поддршка на развојот и напредокот на ранливите земји на Петтата конференција на Обединетите нации (ОН) за најмалку развиените земји (LDC5), што започна денес во Доха, Катар, јавува Анадолу.

„Нашиот собир денес во Доха се одвива во време кога меѓународниот систем минува низ брзи трансформации. Најмалку развиените земји се најранливи во однос на ваквите случувања“, рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека „колективна одговорност е на меѓународните заедници да го поддржат развојот и напредокот на ранливите нации“, турскиот министер, посочи дека Туркије „како долгогодишен и истакнат партнер на најмалку развиените земји, дава сè од себе и останува посветена“.

Тој ја спомена 4. Конференција на најмалку развиените земји (LDC4), што се одржа во Истанбул во 2011 година, на „која беше претставена 10-годишната Мапа на патот“.

Чавушоглу понатаму ги наведе напорите што ги прави Туркије за ранливите нации и рече: „Ние го одржавме среднорочниот преглед на Истанбулската програма во 2016 година, во мојот роден град Анталија.“

„Туркије [заедно со Белгија] е копретседател на Групата пријатели на најмалку развиените земји во ОН. Технолошката банка на ОН во Туркије е единствената агенција на ОН посветена исклучиво на најмалку развиените земји во светот.“

„Туркије е меѓу првите земји кои пружаат хуманитарна и помош во напредокот на овие земји, и придонесува за напорите во многу полиња, меѓу кои и градењето капацитети“, додаде тој.

Повикувајќи ги сите да не ги забораваат најмалку развиените земји, Чавушоглу порача: „Ние мора да дејствуваме сега, без дополнително одложување.“

За безбедноста на храната, тој рече: „Срамно е што не сме ни близу до решавање на состојбата со гладта во 21. век.“

„Истанбулската иницијатива за жито [јули 2022 година] што ја склучивме со посредство на ОН, му помогна на секое домаќинство во светот, особено во најмалку развиените земји, со намалувањето на светските цени на храната“, рече турскиот министер.

Потсетувајќи на својата вчерашна средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Чавушоглу истакна дека тие разговарале за Договорот за жито и за тоа што Туркије „работи напорно за негова непречена имплементација и негово продолжување“.

„Второ, не можеме да толерираме два одделни светови, со дигитален и технолошки јаз меѓу нив. Во последната деценија на акција за постигнување одржливо и инклузивно закрепнување, нема време за губење“, рече тој.

Чавушоглу исто така повика на „раскинување на пакосните циклуси што го отежнуваат развојот“ и нагласи дека „глобалниот економски и финансиски систем мора да се реформира“.

„Мора да најдеме начини за борба против климатските промени, што најмногу влијае на најмалку развиените земји, иако тие не направија ништо за да го предизвикаат тоа“, додаде тој.

„Програмата за акција на Доха успева во обврзаноста кон Истанбулската програма и нуди изгледи за флексибилност“, рече тој, повикувајќи ги сите „да ја прифатат програмата и да ги зголемат меѓународните напори“.

Турскиот министер понатаму истакна дека претседателот Реџеп Таип Ердоган „смета дека одржливиот развој на најмалку развиените земји е висок приоритет“.

Тој ги спомена и разорните земјотреси што ги зафатија јужните региони на Туркије на 6 февруари и порача: „Искрената меѓународна солидарност ги топли нашите срца и ни дава сила“.

„Најмалку развиените земји беа меѓу првите што понудија поддршка и солидарност за време на најтешките денови… Вашата солидарност по земјотресот уште еднаш покажа дека сте најразвиени и најдарежливи во срцето“, истакна турскиот министер заблагодарувајќи се за солидарноста и поддршката.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пиоли: На мечот против Тотенхем ќе видите сосема поинаков Милан

Следно

Сунак: Секој кој илегално ќе влезе во Велика Британија нема да може да остане

Latest from Blog

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети

Владата меѓу договор и генерален штрајк

Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth
Go toTop