Мали морски желки од загрозен вид направија први чекори кон морето кај Мерсин

July 23, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – На плажата во крајбрежниот природен парк во градот Давултепе, во јужната турска област Мерсин, малите главести желки (Caretta caretta) ги направија своите први чекори кон Медитеранот по завршувањето на двомесечниот период на инкубација, јавува Анадолу.

Женките од овој загрозен вид морски желки секоја година излегуваат на брегот во овој дел на Турција за да ги положат своите јајца во песокот.

По околу 60 дена новородените желки излегуваат од гнездата и се упатуваат кон морето, следејќи го инстинктот што им овозможува опстанок.

Природниот парк во Давултепе претставува едно од значајните места за гнездење на главестите желки на турското медитеранско крајбрежје.

Местото е заштитено и постојано се следи од локалните власти и природозaштитниците што преземаат мерки за нивна заштита, особено за време на периодот на гнездење и излегување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

40 пожари дневно во Македонија – пронајдени гуми на Осоговските планини

Следно

Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop