Генералниот директор на Фондацијата на Турските вооружени сили: IDEF 2025 стана глобален фокус на внимание

July 23, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025) во Истанбул, на кој се претставени домашни производи, стана глобален фокус на внимание, изјави генералниот директор на Фондацијата на Турските вооружени сили (TSKGV), Билал Топчу, јавува Анадолу.

„Најважниот показател за тоа е рекордното учество на странски делегации на саемот“, рече Топчу на свеченото отворање на 17-тото издание на шестдневниот саем, што започна вчера и се одржува на повеќе локации: главниот Истанбулски изложбен центар, аеродромот „Ататурк“, марината Атаќој и Конгресниот центар WOW.

Настанот го организира „KFA Fair Organization Inc.“, со поддршка на турското Претседателство на одбранбените индустрии, под управување и одговорност на Фондацијата за зајакнување на Турските вооружени сили. Агенција Анадолу (AA) е глобален комуникациски партнер.

Оваа година учествуваат министри, началници на генералштаби, команданти и високи претставници од 103 земји, од кои 44 земји имаат сопствени штандови. Присутни се повеќе од 900 домашни и 400 странски одбранбени компании.

Говорејќи на церемонијата на отворањето, Топчу рече дека IDEF изложува производи кои го покажуваат успехот на Турција во областа на одбраната на глобалната сцена.

Споменувајќи го првото издание на саемот во 1993 година, тој рече дека тоа бил скромен настан, но станал извор на гордост за турската одбранбена индустрија.

– IDEF служи како стратешка платформа

Директорот на Асоцијацијата за одбранбена индустрија на Република Турција, Халук Ѓоргун, изјави дека IDEF не е само изложбен простор, туку и стратешка платформа каде се разменуваат идеи, се дискутираат технологии и се потпишуваат договори за соработка.

Тој нагласи дека денес производите развиени од турската одбранбена индустрија успешно се користат од страна на Турските вооружени сили во борбата против тероризмот, како и во домашни и меѓународни мисии.

„Напредокот на турската одбранбена индустрија во последниве години доведе до зголемен интерес за нашите платформи, системи и способности на странските пазари“, рече Ѓоргун.

Тој додаде дека процентот на домашно производство во турската одбранбена индустрија се зголемил од 20 % на 80 %.

„Бројот на земји во кои извезуваме одбранбени производи достигна 185. Разновидноста на извозот, вклучувајќи беспилотни летала, копнени и поморски платформи, достигна 230 производи. Турските одбранбени производи се сè почесто присутни на глобалната сцена“, рече тој.

– IDEF придонесува за глобалниот мир

Министерот за национална одбрана на Турција, Јашар Ѓулер, изјави дека домашните, национални, оригинални, иновативни и модерни системи на турската одбранбена индустрија не само што ја зајакнуваат турската војска, туку и придонесуваат кон економијата и зајакнување на влијанието на нивната земја на меѓународната сцена“.

„Во денешниот свет, каде безбедносните предизвици стануваат сè покомплексни и понејасни, модерна и моќна армија и развиена одбранбена индустрија се меѓу најважните алатки за обезбедување траен мир и стабилност“, рече Ѓулер.

Тој додаде дека одбранбената индустрија станува клучно поле во кое се развиваат овие односи.

„Во суштина, во сегашната безбедносна средина, земјите се обидуваат да ги решат глобалните и регионалните проблеми не со сопствени капацитети, туку преку партнерства и соработка со меѓународни организации“, рече тој.

„IDEF се издвојува како голема платформа што ги поврзува земјите и одбранбените компании кои се стремат кон глобален мир и партнерство.“

Тој објасни дека годинашното издание на IDEF е дизајнирано со цел да придонесе за светскиот мир, преку прикажување и споделување на технолошките и одбранбените капацитети на земјите учеснички.

„Главната цел е да се поврзат производителите и клиентите во заедничко опкружување“, рече министерот Ѓулер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина ја критикуваше одлуката на Трамп да ги повлече САД од УНЕСКО

Следно

Улогата на Собранието во евроинтегративните процеси

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката
Go toTop