Засилени сообраќајни и инспекциски контроли низ туристичките центри

July 22, 2025
1 min read

Во екот на туристичката сезона и полицијата и инспекциските служби со полни раце работа.Од СВР Охрид ги интензивираат сообраќајните контроли со поставување на пунктови на неколку локации во градот.

Добија и засилување од колегите од Србија кои заедно со нашите полицајци до 31 август ќе патролираат со цел поголема безбедност на граѓаните и туристите. Но во фокусот е засилена контрола на возачите и мотоциклистите со оглед на зголемениот број сообраќајки со жртви периодов.Само во од март до јуни полицијата уловила 231 лице без кацига и 42 лица без возачки дозвпли.

На терен се и инспекциските служби на повеќето инспекторати. Секојдневно се врши надзор на хотелите,камповите,приватните издавачи и туристичките водичи дали ги регистрираат гостите и дали плаќаат туристичка такса и данок.Сивата економија во туризмот е намалена но не и искоренета.И понатаму има ситуации кога се сместуваат гости на диво.За секое прекршување казната е од 100 до 250 еу.И пазарните инспектори се постојано на терен.Во Охрид надзор вршат 9 инспектори.

„Во периодот од 1 јуни до 20 јули 2025 година, инспекторите во Охрид  извршија вкупно 250 надзори ресторани, кафе-барови, плажни локали трговски субјекти бутици, продавници, тезги и маркети улична и нерегистрирана трговија. При контролите беа констатирани неправилности најчесто поврзани со: Закон за угостителска дејност со акцент за почитување на работното време. Останати превземени мерки се поврзани со Закон за трговија и Закон за заштита на потрошувачите,По закон за забрана и спречување за вршење нерегистрирана дејност превземени се соодветнни мерки и одземена е стокавелат од ДПИ и апелираат до угостителите особено да бидат внимателни со послужувањето алкохол на малолетници. Казните се движат до 4.000 евра а освен парични се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец.”-  додадаваат од ДПИ.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

На саемот IDEF 2025 прикажани турските домашно произведени одбранбени возила

Следно

Рама бара смена на целото раководство на Општина Тирана, откако го стори тоа со другите општини

Latest from Blog

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop