„Секој што молчи за геноцидот во Газа е соучесник“, истакна Ердоган

July 22, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека секој што молчи за геноцидот во Газа е „соучесник во злосторствата против човештвото“ извршени од Израел, јавува Анадолу.

„Турција ќе продолжи да го држи на агендата на целото човештво геноцидот на Израел врз народот во Газа, кој далеку го надминува оној на нацистите“, изјави Ердоган, говорејќи на церемонијата за отворање на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025) во Истанбул.

„Нашата цел е да воспоставиме прекин на огнот што е можно поскоро, да дозволиме хуманитарната помош да влезе во Газа, што претставува уште еден приоритет“, изјави Ердоган.

„Тешката состојба на децата во Газа, на кои им се познаваат коските од глад поради блокадата на хуманитарната помош, претставува тешка состојба и за нас“, додаде тој.

„Никој, дури и со трошка човечко достоинство, не може да ја прифати оваа суровост во која десетици невини луѓе умираат секој ден затоа што не можат да најдат залак леб или голтка вода“, рече Ердоган.

„Во овие мрачни денови, кога започнаа масовните смртни случаи од глад, ја повикувам целата меѓународна заедница да се обедини на страната на човештвото“, нагласи тој.

Во врска со турската одбранбена индустрија, Ердоган рече дека Турција ги надминала ембаргата, двојните стандарди и дипломатските притисоци за да стане глобална сила, оставајќи белег на глобалниот пазар со својата одбранбена индустрија.

„Стапката на домашно производство во нашата одбранбена индустрија сега надмина 80 %“, додаде тој.

Шестдневниот настан што започна денес е организиран под покровителство на претседателството на земјата во координација со Министерството за национална одбрана, Секретаријатот за одбранбена индустрија и Фондацијата на вооружените сили.

Оваа година, освен во главниот Истанбулски изложбен центар, IDEF 2025 ќе биде домаќин и на настани што ќе се одржат на аеродромот „Ататурк“, марината Атаќој и во Конгресниот центар WOW.

Последните два дена IDEF 2025 ќе биде отворен за јавноста.

На IDEF 2025 ќе има штандови од 44 земји, а повеќе од 400 меѓународни компании ќе ги претстават своите производи.

Се очекува саемот да привлече огромен број луѓе, со многу церемонии за потпишување.

Претходното издание на саемот се одржа во јули 2023 година во Истанбул.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седлоски: Очекувам да покажеме карактер, Вардар може да се носи со сите ривали!

Следно

Левица поднесе иницијатива за разрешување на Претседателката на ДКСК

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop