Седлоски: Очекувам да покажеме карактер, Вардар може да се носи со сите ривали!

July 22, 2025
1 min read

Мал бран на еуфорија ги зафаќа вардаровите навивачи пред важниот европски дуел против Лозана во рамките на второто коло на Конференциската лига. Тренерот на победникот на Купот на Македонија, екипата на Вардар, Гоце Седлоски за јавниот национален сервис изјави дека очекува солиден пристап од играчите во двомечот со швајцарската Лозана, истакнувајќи дека тимот има доста нови поединци, но е доволно зрел за да покаже карактер.

Вардарци се аутсајдери во двомечот со Лозана, но Седлоски верува дека најтрофејниот клуб во Македонија има квалитет да направи уште еден сериозен исчекор во Конференциската лига.

„Лозана има неколку промени во екипата, а воедно доведе и нов тренер. Мислам дека имаат квалитет, но мене ми е најважно како ќе изгледа мојата екипа. Играчите знаат што бараме од нив и очекувам да покажеме карактер уште од првата минута.

Сакам да покажеме дека можеме да се носиме со сите ривали. Имаме нови играчи кои лесно се адаптираа на нашата филозофија. Ќе се обидеме да оствариме добар резултат во Скопје, а потоа ќе мислиме на реваншот“, изјави Седлоски.

Вардар ја пречекува Лозана на 24 јули. Натпреварот ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ и ќе започне во терминот од 20:30 часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Петнаесет Палестинци, меѓу кои 4 деца, починаа од глад во последните 24 часа“, објави Министерство за здравство на Газа

Следно

„Секој што молчи за геноцидот во Газа е соучесник“, истакна Ердоган

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop