Полска вечер на Охридско лето со Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано

July 22, 2025
2 mins read

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците од Полска – Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано.

Лукаш Длугош е најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја. Списанието „Пицикато“ во оценката за неговиот албум „Приказни на флејтата“, издаден за Верго/Дојче Грамофон, го квалификува Длугош како „еден од најдобрите флејтисти во светот“.

Длугош студира соло флејта на Високата школа за музика и театар во Минхен,  а магистерските студии ги продолжува на Конзерваториумот во Париз, како и на Универзитетот „Јеил“ во САД.

Победник е на повеќе меѓународни натпревари за флејта, а како солист и камерен музичар настапува во Полска и на интернационалната музичка сцена. Настапувал во Карнеги Хол, во Златната сала на Музикферајн, во Концертхаус во Берлин, во салата „Карл Орф“ и „Херкулес“ во Минхен, во театрите во Пекинг, Гуангжу, Шангај, во операта во Катар, во салата „Шин Кобе“ во Кобе, како и во салата „П. И. Чајковски“ во Москва.

Настапувал под диригентските палки на Зубин Мехта, Џејмс Левајн, Марис Јансонс, Валери Гергиев, Хесус Лопес Кобос, Јацек Капчук, Габриел Шмура, Агњешка Дучмал, а често изведувајќи го Концертот за флејта и оркестар од Кшиштоф Пенерецки настапува под диригентство на самиот композитор.

Во 2010 година го издава својот прв албум со Концертот за флејта од Мајкл Колина, придружуван од Лондонскиот симфониски оркестар. Од тогаш има издадено повеќе од 84 снимки, најголем дел од нив со музика од полски автори кои се високо оценети од критиката и кои се повеќекратно наградувани.  Досега повеќе од 300 композиции се напишани специјално за него и за неговата сопруга (исто така флејтистка) Агата Кјелар-Длугош.

Во 2016 година му е доделена статуетката „Орфеј“ за особени достигнувања во областа на интерпретацијата на флејта и промоција на полската музика. Во 2021 година Здружението на композитори на Полска му ја доделува почесната награда за особен придонес во етаблирањето на полската музика. Во 2022 година се закитува со една од најзначајните полски државни награди Орденот на возобновена Полска.

Лукаш Длугош е добитник на орденот „Горија Артис“  за особени достигнувања во областа на културата, а во 2019 година ја добива титулата – професор по уметност од страна на Претседателот на Република Полска.

Лукаш Длугош е професор на академијата „С. Моњушко“ во Гдањск.

Пијанистот Анжеј Јунгиевич важи за исклучителен камерен музичар. Студирал пијано во класата на проф. Јозеф Стомпел и камерна музика во класите на Марија Швајгер-Кулаковска и проф. Урсула Станчук на Музичката академија во Катовице.

Добитник е на стипендии од полското министерство за култура во 1986/87 година, лауреат е на Натпреварот за уметничка стипендија од здружението „Фредерик Шопен“ во Варшава во 1985 и 1986 година, победник е на Натпреварот за современа камерна музика во Лоѓ во 1986 година и на Младинскиот фестивал во Аугустов во 1985 година.
Како солист и камерен музичар настапува во: Полска, Франција, Германија, Хонг Конг, Малезија, Словачка, Шведска и Украина.

Учествува на бројни фестивали и премиерно изведува дела од современите полски композитори кои се снимани за радио и ТВ.  Неговите изведби се поместени на бројни носачи на звук, меѓу кои се и двата албуми со флејтистката Агата Кјелар-Длугош.
Редовно е пијано придружник на бројни работилници и мајсторски курсеви со етаблирани музичари и педагози.

Јунгиевич е професор на Музичката академија во Катовице.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

На програмата се дела на Моцарт, Шуман, Шаминад, Луланк, Шимановски, Падеревски, менделсон, Горецки, Лутославски, Шелиговски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница

Следно

Претежно сончево и многу топло време

Latest from Blog

Во Албанија за една деценија 112 илјади ученици помалку

– Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во 2015 година имало 362 илјади ученици во предуниверзитетско образование, додека во учебната 2024-2025 година 250 илјади. 112 илјади ученици помалку во предуниверзитетско

Инцидентите во Белград синоќа стигаат на наплата: Србија ја пречекува Албанија пред празни трибини?

Репрезентацијата на Србија синоќа на домашен терен на „Рајко Митиќ“ доживеа дебакл од 0:5 против Англија во рамките од новото коло од квалификациите за следниот Мундијал. Се случија неколку инциденти на самиот

ВИДЕО: Воз што превезувал гас експлодираше во главниот град на Литванија

Вилнус, главниот град на Литванија, денес издаде наредба за евакуација на жителите во радиус од еден километар од железничката станица, откако воз што превезувал течен нафтен гас (LPG) се запалил и експлодирал

Успешно завршен проект за водоснабдување на ул. „Сру“ во Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола успешно го заврши проектот за изградба на нова водоводна линија на улицата „Сру“ бр. 5. Во рамки на проектот се поставени современи полиетиленски цевки со нови

Формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за
Go toTop