Милев: Ја подигаме формата за дуелот со Грција

July 21, 2025
1 min read

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија во мирна атмосфера во Маврово обработува дел од подготовките за претстојните квалификациски натпревари. Стручниот штаб на чело со селекторот Јошко Миленковски ги реализираат планираните задачи со по два тренинга дневно.

– Јасно е дека фокусот е на Грција, која е и наш прв противник во вториот дел од евро-квалификациите и тоа е натпревар, во кој треба да го дадеме нашиот максимум. Секој поен, сет, бод ќе биде плус за нас во одлуката кој ќе патува на Европското првенство. Тие се добар противник, но и ривал со кој може да играме и да се носиме. Ќе имаме квалитетни подготвителни натпревари за кревање на формата со противници по мерка, условите и во Маврово се на највисоко ниво, а не се сомневам дека така ќе биде и во Скопје. Наше е само да го дадеме најдоброто од нас и што поподготвени да влеземе во дуелите со Грција и со Грузија и на крај на циклусот да се радуваме на пласман на уште едно Европско првенство, изјави репрезентативецот Владо Милев.

Репрезентација ќе продолжи со тренинзи во Маврово, а ќе одигра и два контролни натпревара со Бугарија во Софија. Македонија на 13.август игра на гости против Грција, а на 17.август ја пречекува Грузија во Скопје. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Не успеа договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах“

Следно

Институционален “пинг-понг“ за разрешување на Димитровска, Мицкоски вели – да не се прави “естрада“ со случајот

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop