„Не успеа договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах“

July 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот специјален претставник за Сирија, Том Барак, денес изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах „не успеал“, јавува Анадолу.

„Најважно е дека имате договор за прекин на непријателствата што е на сила – но тој не функционира, нели? Затоа сега сите се обидуваме да ги откриеме причините зошто не успеа“, изјави Барак пред новинарите во Бејрут.

Конфликтот меѓу Израел и Хезболах, кој започна како прекугранична размена на оган, прерасна во целосна војна во септември 2024 година. И покрај договорот за прекин на огнот во ноември, израелската армија секојдневно извршува напади врз Јужен Либан, тврдејќи дека цел се активностите на Хезболах.

Според договорот, Израел требаше целосно да се повлече од Јужен Либан до 26 јануари, но рокот беше продолжен до 18 февруари откако Тел Авив одби да се придржува до договорот. Израел сѐ уште одржува воено присуство на пет гранични пункта.

Осврнувајќи се на безбедносната состојба во провинцијата Сувејда, на јужниот дел на Сирија, Барак повика да се овозможи сириската Влада да ја преземе својата одговорност.

„Она што се случи е ужасно, незамисливо. Но надежта е дека токму од тоа ќе произлезе побрзо решавање на овие прашања“, рече тој.

„Всушност, има сириска Влада, тие треба да бидат повикани на одговорност. Исто така, треба да им се даде одговорноста за која се таму.“

Американскиот претставник нагласи дека реакцијата на Вашингтон на случувањата во Сирија била исполнета со „неверојатна загриженост, болка, емпатија, помош и свесност за важноста на инклузивноста, особено кај младите и новоформирани владејачки ентитети што се обидуваат да ги вклучат малцинствата“.

„САД немаат никаква намера да го принудат Израел да направи што било. Како што сум рекол стотици пати – ние сме тука за да ви помогнеме да постигнете решение со вашите соседи,“ додаде Барак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Диви трки со автомобили на автопат – МВР порачува: Нема толеранција за „љубителите на брзината“

Следно

Милев: Ја подигаме формата за дуелот со Грција

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop