Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ се повлекуваат од турнирот во Торонто поради нивните повреди

July 21, 2025
1 min read

Светскиот рекет број 1, Јаник Синер, и 24-кратниот гренд-слем шампион Новак Ѓоковиќ се повлекоа од турнирот „Нешнел банк опен“ во Торонто, околу една недела пред неговиот почеток, соопштија организаторите во неделата. Двајцата тенисери како причина ги навеле своите повреди, објави Спортс илустрејтед.

Од турнирот се откажа и Џек Дрејпер, моментално петти на светската ранг-листа, кој во неделата ја објави својата одлука преку социјалните мрежи.

Синер, кој доаѓа со титула од Вимблдон, ја повредил десната подлактица за време на четвртото коло на турнирот, додека, пак, Ѓоковиќ се справува со проблем во препоните. Од друга страна, Дрејпер има проблем со левата рака, поради што ќе го пропушти и Мастерсот во Синсинати.

Ѓоковиќ досега четирипати го има освоено турнирот во Торонто, а Синер ја освои својата прва титула токму таму, во 2023 година.

Со откажувањето на Синер и на Ѓоковиќ, водечка улога кај мажите ќе имаат Карлос Алкараз од Шпанија и Александар Зверев од Германија. Кај жените, во Монтреал, главни ѕвезди ќе бидат Коко Гоф (број 2), Џесика Пегула (број 3) и Ига Швјонтек (број 4). Број 1, Арина Сабаленка, се повлече претходно оваа недела, наведувајќи дека сака да се одмори и да се подготви за УС Опен кон крајот на месецот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Следно

Сончево и многу топло, температурите до 40 степени

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop