Барањето на Ѓоковиќ за влез во САД е одбиено бидејќи тенисерот не е вакциниран

March 4, 2023
1 min read

На светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ му е забранет влез во САД бидејќи нема примено вакцина против ковид-19, па затоа изгледа ќе ги пропушти мастер турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Ѓоковиќ поднел документација и побарал посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран, но сенаторот Рик Скот од Флорида денеска на твитер-профилот објави дека неговото барање било одбиено.

„Ни беше кажано дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено и тој нема да може да учествува во Мајами следната недела. Претседателот Џо Бајден мора веднаш да го поправи тоа и да му дозволи да игра во нашата земја“,

напиша Скот.

Владата на Австралија годинава му дозволи на Ѓоковиќ да се натпреварува на Австралија опен, откако минатата годин,а како резултат на немањето вакцина, му беше забранет влез во земјата и настап на турнирот. Годинава, австралиското Министерство за имиграција издаде соопштение за одлуката на министерот Ендрју Гилс да ја смени одлуката на неговиот претходник Алекс Хок кој во јануари годинава ги искористи своите овластувања и врз основа на „јавен интерес“ му ја укина визата на Ѓоковиќ.

Така, на најдобриот српски тенисер автоматски му се отстрани тригодишната забрана за влез во Австралија, по што заигра на Австралија опен и го освои турнирот по десетти пат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) 18 лица загинаа, а 40 се повредени во пожар во складиште за гориво во Џакарта

Следно

Ако нема леб, ќе има казни- инспекторите се на терен

Latest from Blog

Почнува фестивалската сезона: мај и јуни во знакот на вино, храна и музика

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава

Проданоски: Без слободни медиуми нема силна и одговорна општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, упати благодарност и поддршка до сите локални новинари и медиуми за нивната секојдневна работа и

„ВМРО ДПМНЕ Албанија“ притиска за формирање општини Голо Брдо и Гора

Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“,  поднесе официјално барање до Парламентарната комисија за административно-територијална реформа во Тирана, со кое се бара формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора. „Ова барање претставува сериозен

Трамп доби нова иранска понуда од 14 точки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе го разгледа предлогот доставен од Иран, насочен кон завршување на конфликтот. „Наскоро ќе го прегледам планот што Иран штотуку ни го испрати, но не
Go toTop