Вработените во Националната галерија бараат итно поништување на одлуката за избор на директор

July 16, 2025
1 min read

Вработените во Националната галерија на Република Северна Македонија го изразуваат најостро своето несогласување со одлуката за именување директор на институцијата. Јавно бараат преиспитување и итно поништување на одлуката за избор на Али Синани за директор, се вели во нивното соопштение до медиумите и јавноста.

„Избраниот кандидат, по професија ликовен уметник, пред нема никакво непосредно професионално искуство во музејската дејност како основна дејност на институцијата или соработки кои покажуваат познавање на специфичните аспекти на музејската работа. Воедно, досега нема реализирано ниту еден проект, не само во рамките на Националната галерија, туку и во други релевантни национални установи“, посочуваат вработените во оваа национална установа.

Со овој избор се загрозува принципот на стручност и објективна проценка, кои се клучни за одговорно раководење со институцијата од национално значење, сметаат вработените.

„Наместо транспарентен избор со јасни критериуми, институцијата е доведена во ризик да биде водена од лице без потребно основно познавање на музејската дејност, но и заштитата и конзервацијата кои се составен дел во негувањето и грижата за колекцијата од над 3.300 уметнички дела – движно културно наследство (слики, скулптури, цртежи, графики, икони, етнолошки, библиотечен материјал и др.) и поседува 4 објекти (Даут-пашин амам, Чифте амам и Спомен куќата на Лазар Личеноски – кои се недвижно културно наследство и Мултимедијалниот центар Мала станица). Комплексноста на институцијата од музејски, заштитен и галериски аспект бара раководење од страна на кадар со високо познавање и искуство во заштита, конзервација и музејското работење“, укажуваат од Националната галерија.

Од таму истакнуваат дека во галеријата работат докажани стручни кадри со долгогодишно искуство и меѓународни референци, кои имаат значителен придонес во зачувување и промоција на уметничкото творештво и културното наследство, со исклучителни биографии и меѓународен кредибилитет во презентација и афирмација на националната култура и визуелна уметност. Дел од нив беа и пријавени на конкурсот за избор на директор на Националната галерија, но очигледно биле исклучени од фер и транспарентна постапка за избор.

Токму затоа, вработените бараат овозможување на транспарентна постапка со објективно рангирање на сите кандидати според образование, искуство, стручни звања и докажани резултати, при што јавноста ќе види дека изборот се базира на знаење, а не на лични интереси и квоти.

Вработените апелираат до надлежните да го зачуваат професионалниот интегритет на Националната галерија, како една од најзначајните институции за чување, заштита и презентација на културното наследство во земјата, а во прилог на заедничкиот јавен интерес за заштита на националното културно наследство..2025

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СИНАНИ НЕМА НИКАКВО ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО ВО МУЗЕЈСКАТА ДЕЈНОСТ, РЕАГИРААТ ВРАБОТЕНИ ВО НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА И БАРААТ ПОНИШТУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА НОВИОТ ДИРЕКТОР

Следно

Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово, Касами

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop