СИНАНИ НЕМА НИКАКВО ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО ВО МУЗЕЈСКАТА ДЕЈНОСТ, РЕАГИРААТ ВРАБОТЕНИ ВО НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА И БАРААТ ПОНИШТУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА НОВИОТ ДИРЕКТОР

July 16, 2025
2 mins read

Вработени во Националната галерија на Северна Македонија (НГМ) бараат од Министерството за култура итно да ја поништи одлуката за изборот Али Синани да биде на директор на оваа институција. Националната галерија претпладнево на својата фејсбук страна објави дека уметникот Али Синани е нов директор.

„По огласот за директор кој беше распишан пред скоро три месеци, за директор на Нацоналната галерија на РС Македонија, со мандат од четири години, на 9 јули 2025 година е избран и именуван д-р Али Синани, за директор на Институцијата“, соопшти НГМ.

Синани е роден во 1977 во Гостивар, а изминативе 25 години живее и работи во Швајцарија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2002 година, педагошки оддел, сликарска насока во класата на проф. Рубенс Корубин. Магистерските студии ги завршил на истиот факултет во 2009, во класата на д-р Антони Мазневски. Од 2000 живее и работи во Швајцарија, каде што држи предавања во своето „Студио Арте“ во Сент Гален. Од 2012 продолжил со докторат во Нови Пазар – Србија. Во 2018 ја претставувал Швајцарија на меѓународната изложба „Сон и реалност“ во Лувр во Париз.

Во соопштението до медиумите, вработените реагираат дека не се согласуваат со одлуката за именување директор на институцијата и јавно бараат преиспитување и итно поништување на одлуката.

„Избраниот кандидат, по професија ликовен уметник, пред сѐ нема никакво непосредно професионално искуство во музејската дејност како основна дејност на институцијата или соработки кои покажуваат познавање на специфичните аспекти на музејската работа. Воедно, досега нема реализирано ниту еден проект, не само во рамките на Националната галерија, туку и во други релевантни национални установи. Со овој избор се загрозува принципот на стручност и објективна проценка, кои се клучни за одговорно раководење со институцијата од национално значење. Наместо транспарентен избор со јасни критериуми, институцијата е доведена во ризик да биде водена од лице без потребно основно познавање на музејската дејност, но и заштитата и конзервацијата кои се составен дел во негувањето и грижата за колекцијата од над 3.300 уметнички дела – движно културно наследство (слики, скулптури, цртежи, графики, икони, етнолошки, библиотечен материјал и др.) и поседува 4 објекти (Даут-пашин амам, Чифте амам и Спомен куќата на Лазар Личеноски – кои се недвижно културно наследство и Мултимедијалниот центар Мала станица). Комплексноста на институцијата од музејски, заштитен и галериски аспект бара раководење од страна на кадар со високо познавање и искуство во заштита, конзервација и музејското работење“, се вели во реакцијата.

Во галеријата, велат тие,  работат докажани стручни кадри со долгогодишно искуство и меѓународни референци, кои имаат значителен придонес во зачувување и промоција на уметничкото творештво и културното наследство, со исклучителни биографии и меѓународен кредибилитет во презентација и афирмација на националната култура и визуелна уметност.

„Дел од нив беа и пријавени на конкурсот за избор на директор на Националната галерија, но очигледно биле исклучени од фер и транспарентна постапка за избор. Токму затоа, вработените бараат овозможување на транспарентна постапка со објективно рангирање на сите кандидати според образование, искуство, стручни звања и докажани резултати, при што јавноста ќе види дека изборот се базира на знаење, а не на лични интереси и квоти“, реагираат вработените.

Вработените апелираат до надлежните да го зачуваат професионалниот интегритет на Националната галерија, како една од најзначајните институции за чување, заштита и презентација на културното наследство во земјата, а во прилог на заедничкиот јавен интерес за заштита на националното културно наследство.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

Следно

Вработените во Националната галерија бараат итно поништување на одлуката за избор на директор

Latest from Blog

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е

Зеленски вели дека САД им дале рок на Украина и Русија за завршување на војната до јуни

Тој им рече на новинарите дека очекува притисок од администрацијата на Доналд Трамп доколку не се исполни рокот до јуни. „Американците предлагаат да се заврши војната до почетокот на ова лето и
Go toTop