Претседателот Ердоган со официјална церемонија го пречека Ал-Нахјан, претседателот на ОАЕ

July 16, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија го пречека шеикот Мухамед Бин Зајед ал-Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кој допатува во посета на Турција, известува Анадолу.

Коњицата, која го пречекаа службениот автомобил на Ал-Нахјан на улицата пред Претседателскиот комплекс, го испрати возилото до официјалната порта.

Претседателот Ердоган го пречека Ал-Нахјан на главниот влез на комплексот. Откако Ердоган и Ал-Нахјан ги зазедоа своите места на просторот за церемонија, оркестар ги отсвири националните химни на двете земји. На церемонијата беа претставени и знамиња и војници што претставуваа 16 турски држави основани низ историјата, а беше истрелан и почесен плотун од 21 топ.

Ал-Нахјан ја поздрави Свечената гарда на Гардискиот полк со зборовите: „Здраво, војници“, по што претседателот Ердоган и Ал-Нахјан ги претставија своите делегации.

По билатералната средба меѓу Ердоган и Ал-Нахјан, двајцата претседатели ќе претседаваат со првиот состанок на Стратегискиот совет на високо ниво, формиран меѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати во 2023 година.

Претседателот Ердоган ќе приреди официјална вечера во чест на Ал-Нахјан.

Претседателот Ердоган и Ал-Нахјан се ракуваа и позираа за медиумите на скалите пред знамињата на Турција и ОАЕ.

На церемонијата присуствуваа министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Алпарслан Бајрактар, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, директорот на Националната разузнавачка организација (МИТ) на Турција, Ибрахим Калин, директорот за комуникации на турското Претседателство, Бурханетин Дуран, директорот на одбранбената индустрија на турското Претседателство, Халук Ѓорѓун, генералниот секретар на турското Претседателство, Хаки Сусмаз, главниот советник на турскиот претседател за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич, шефот на претседателската Канцеларија за инвестиции, Ахмет Бурак Даглиоглу, заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Нух Јилмаз, заменик-министерот за трговија на Турција, Махмуд Ѓурџан, амбасадор на Турција во ОАЕ, Љутфула Ѓокташ и гувернерот на Анкара, Васип Шахин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола повторно домаќин на ракометарките на Македонија

Следно

Судски процеси за Кочани

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop