Еврокомесарката за управување со кризи со повик до Израел: Престанете да ги убивате луѓето во Газа

July 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ АА) – Европската комесарка за еднаквост, подготвеност и управување со кризи, Хаџа Лахиб, денес пред Советот за надворешни работи го повика Израел да престане да ги убива луѓето во Газа, јавува Анадолу.

„Мојата порака до израелските власти е многу јасна, спроведете го овој договор во дело веднаш. Престанете да ги убивате луѓето“, рече Лахиб, нагласувајќи дека Израел е „далеку“ од примена на нивниот договор за овозможување да се продолжи хуманитарната помош.

Таа потврди дека има некои „позитивни“ случувања и можности за влез на помош во Газа, истовремено предупредувајќи дека ситуацијата сè уште е „толку опасна“ и дека нивните хуманитарни партнери не можат да дејствуваат додека продолжуваат нападите.

„Важно е да се одржи одредена моќ и да се продолжи со притисокот. Она што ни треба е прекин на огнот, договор, запирање на насилството, ослободување на сите заложници и ублажување на страдањето на луѓето кои гладуваат“, истакна Лахиб.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија уби повеќе од 58.400 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЦУК: Активни шест пожари во државава, три изгаснати

Следно

Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop