Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

July 13, 2025
1 min read

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на отворено, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите кај селото Николич во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, и во Чучер Сандево, на тешко достапен терен меѓу селата Горњани и Блаце, каде се работи за шумски пожар од поголем обем.

„На терен се ангажирани сите расположливи ресурси – противпожарни единици, шумска полиција и волонтери. Ситуацијата е под внимателен надзор, особено во регионите со активни пожари“, информираат од ЦУК.

Во текот на ноќта, четири пожари се ставени под контрола, и тоа кај:

  • Црешнево, Крапа и Локвица (општина Македонски Брод),
  • с. Слатино (исто во Македонски Брод),
  • с. Џидимирци (Велешко),
  • с. Перово (Ресен), каде што гореше трска и деградирана шума.

Пожарите биле најчести во западна и југоисточна Македонија, со интервенции во региони како Струга, Штип, Куманово, Гевгелија, Кичево, Охрид, Виница и Македонски Брод. Запалени биле депонии, ниска вегетација и шумски површини.

Од ЦУК повторно апелираат до граѓаните да не палат оган на отворено, посочувајќи дека при вакви температури дури и мала искра може да предизвика сериозен пожар. Секој сомнителен чад или пламен треба веднаш да се пријави.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Следно

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски
Go toTop