Санторини и Миконос на врвот на листата пренатрупани туристички дестинации во ЕУ

July 10, 2025
1 min read

Грчките острови Санторини и Миконос се најдоа на врвот на листата на пренатрупани туристички дестинации во Европската Унија, според податоци на германската Сојузна канцеларија за статистика, објавени денеска.

Според индексот на туристичка густина, во 2023 година во Јужниот Егеј – административен регион на Грција што ги опфаќа островите Санторини, Миконос и Родос – биле регистрирани 117 ноќевања по жител, јави ДПА.

На второ место се најде регионот на Јонските Острови во западна Грција, вклучувајќи го и Крф, со 98 ноќевања по жител, додека третопласиран беше италијанскиот планински регион Јужен Тирол со 68 ноќевања по жител.

Хрватското јадранско крајбрежје и шпанските Балеарски Острови следат со по 67 ноќевања по жител, а грчкиот остров Крит и австрискиот Тирол со по 55.

Наспроти тоа, одредени региони во Полска и Романија забележале многу мала туристичка активност, со помалку од едно ноќевање по жител во 2023 година.

Во Германија, највисока туристичка густина била забележана во североисточната покраина Мекленбург-Предна Померанија, која вклучува балтички брег и популарниот езерски регион. Таму биле регистрирани 18 ноќевања по жител, што го сместува регионот на 17. место од вкупно 237 административни региони во ЕУ.

Во апсолутни бројки, најпосетена административна област во Европа во 2023 година биле Шпанските Канарски Острови, со вкупно 95,6 милиони ноќевања. Но, поради нивната поголема популација од над два милиони жители, тие се рангираа дури на 10. место според туристичка густина.

Најпосетена германска дестинација била Горна Баварија, вклучувајќи го и градот Минхен, со вкупно 41,6 милиони ноќевања.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајни израелско-сириски преговори за нормализација на односите, со посредство на ОАЕ

Следно

Охрид и државата добија уште една година да постапат по препораките на УНЕСКО

Latest from Blog

Конечно вистинско засилување: Супер-талентот на Црвена Звезда го одбра Вардар место Сараево

Од Вардар утрово ја најавија соработката со Дарко Велковски, македонскиот репрезентативец, но исто така најавија и ново засилување од соседна Србија. Станува збор за брзото лево крило Стефан Цветковиќ, кој во Скопје

Вардар се засилува за титула: Велковски се врати дома, потпиша и Цветковиќ

Најтрофејниот македонски клуб и актуелен есенски шампион, ФК Вардар, не остава ништо на случајноста во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Со цел да ја зачува лидерската позиција и да го врати шампионскиот

Њујорк тајмс: Албанија создаде „дигитална министерка“ за сузбивање на корупцијата, потоа креаторите се најдоа под истрага за корупција

Аватарот познат како Диела, претставен како првата министерка во светот генериран со вештачка интелигенција, требаше да помогне во намалувањето на ендемската корупција во Албанија. Но, постои проблем. Раководителите на агенцијата што го

Вучиќ: Ме интересира само дали се уставни нашите закони за судството

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се огласи по критиките од ЕУ за новиот сет закони во судството нагласувајќи дека не ги прочитал судските закони усвоени од српскиот Парламент, туку само ја проверил
Go toTop