Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола

July 8, 2025
1 min read

На 07.07.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за БСП на патиштата низ земјава, од вкупно 902 издадени платни налози дури 148 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 21 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 220 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.

Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 82 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 193 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 40 лица кои некористеле сигурносен појас.
Изречени се 33 санкции за користење мобилен телефон при возење, а прекршочни санкции добиле и 15 возачи почетници, пет возачи за престигнување и двајца возачи на електричен тротинет.

Исто така согласно Законот за возила, 46 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангелов со сомнежи за подметнување

Следно

САД: Пожарите во Калифорнија се проширија на околу 34.000 хектари

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop