Ангелов со сомнежи за подметнување

July 8, 2025
1 min read

Скопје, 8 јули — Пожарот што избувна во неделата покрај магистралниот пат Скопје – Блаце најверојатно бил подметнат, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Според него, интервентните екипи на терен пронашле дрвени палети, за кои се сомневаат дека претходно биле натопени со бензин и оставени меѓу смреките за намерно да го поттикнат огнот. „Линијата на пожарот беше премногу широка за да се работи само за отпушок од цигара“, нагласи Ангелов во видео-обраќање.

Тој додаде дека утринава непознати лица се обиделе повторно да го реактивираат огнот на веќе локализираните жаришта, но противпожарните единици успеале навреме да интервенираат. Ангелов апелираше граѓаните веднаш да пријават на бројот 112 доколку забележат лица што носат или поставуваат палети или се однесуваат сомнително во шумски подрачја.

Директорот категорично ги демантираше информациите дека манастири или цркви биле загрозени од огнената стихија, како и тврдењата дека во Чучер-Сандево изгореле куќи.

Надлежните служби остануваат на терен за целосно да го расчистат подрачјето и да спречат повторна појава на пламен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Акропол денеска затворен од 13 до 17 часот поради високите температури

Следно

Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола

Latest from Blog

Проданоски: Делчев и Тошев се вечна инспирација за Македонија

Со пригодна порака по повод 4 мај, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на македонските револуционери Гоце Делчев и Пере Тошев, истакнувајќи дека нивното дело и жртва се длабоко вградени

Од 7 до 9 мај: Прво издание на Вински фестивал Битола на платото пред Офицерски дом

Битола, 4.05.2026 – Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до
Go toTop