Палестинците го осудија планот на американската фирма за присилно раселување на жителите на Газа

July 6, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинските власти денес ја осудија американската консултантска фирма и групацијата за хуманитарна помош поддржана од Израел за заговор за присилно раселување на Палестинците од блокираниот Појас Газа под маската на хуманитарната помош, пренесува Анадолу.

Според „Фајненшл тајмс“, Бостонската консалтинг група (BCG) развила финансиски модел за таен проект наречен „Аурора“, со цел раселување на повеќе од половина милион Палестинци од Газа преку нудење „пакети за раселување“ финансирани од странски субјекти.

Британскиот весник ја идентификува Хуманитарната фондација за Газа (GHF), креирана со поддршка на САД и Израел, како извршен фронт на проектот.

И покрај тврдењата за хуманитарна работа, активностите на фондацијата резултираа со смрт на 751 палестински цивил, повредени 4.931 Палестинци и 39 исчезнати од 27 мај.

Над 130 меѓународни хуманитарни организации одбија да соработуваат со оваа фондација, обвинувајќи ја за маскирање на израелските воени цели.

Британскиот весник откри тајно финансирање и поддршка од приватни американски безбедносни фирми за Бостонската консалтинг групација.

Се наведува дека консалтинг групацијата првично била ангажирана од Орбис, компанија за безбедносни услуги од Вашингтон, за да помогне со фисибилити студија за нова операција за помош.

Орбис ја подготвувал студијата во име на Институтот Тахлит, израелски тинк-тенк.

„Најостро ги осудуваме овие опасни планови за ликвидација на палестинската кауза“, се вели во соопштението на владината канцеларија за медиуми на Газа.

„И покрај сите воени злосторства, глад, геноцид и раселување, нашиот голем народ останува вкоренет во својата земја и нема да се откаже од своите неотуѓиви права сè додека не се стави крај на израелската окупација на целата палестинска земја.“

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, Израел спроведува геноцидна војна во Газа, во која уби над 57.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Ќе го воскреснам Скопје“ – Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Следно

Кањонот Синек во турски Дијарбакир, привлечна дестинација за домашните и странски туристи

Latest from Blog

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните

Откриени ретки лековити соединенија во листовите на канабисот

Истражувачки тим од Универзитетот Стеленбош во Јужноафриканската Република откри ретка група фенолни соединенија, наречени флавоалкалоиди, во листовите на канабисот, објави реномираниот научен журнал „Journal of Chromatography A“. Овие соединенија, кои досега не
Go toTop