„Ќе го воскреснам Скопје“ – Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

July 6, 2025
1 min read

Орце Ѓорѓиевски влегува во трката за градоначалник на Град  Скопје од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката ја донесе Извршниот комитет на партијата, каде во конкуренција за прв човек на Скопје неофицијално се споменуваа и имињата на  Коце Трајановски и Златко Перински. Претседателот на партијата Мицкоски рече дека, одлуката паднала на Ѓорѓиевски бидејќи тој убедливо водел на анкетите, дури пет пати споредено со решенијата на СДСМ, а и како градоначалник на Кисела Вода покажал дека умее и сака да работи за граѓаните.

„Знам дека е исклучително мотивиран најпрвин да победи, а потоа и да победува секој ден за Градот Скопје и за Скопјани. Тој е отворен, достапен и посветен работник кој решава проблеми. Нова енергија каква му е потребна на Скопје, после едно четиригодишно девастирање и замреност на градот. И кога сме кај градот верувајте  ги научивме сите лекции за да не погрешиме сега повторно за изборот за прв човек на Градот“, вели Христијан Мицкоски.

Ѓорѓиевски вети дека повторно ќе го воскресне Скопје. Рече Градот ќе го претвори во едно големо градилиште. Фокус ќе бидат сообраќајниот хаос и хигиената. Градот ни е валкан и тоа е најголемиот проблем на скопјани, рече Ѓорѓиевски. Вети дека ќе го врати Скопје на Скопјани и најави дека од утре тргнува во теренски посети и креирање на програмата локалните избори.

„Сум спремен по завршување на овие избори повторно да го воскреснам Скопје, односно да конечно Скопје стане град за достоинствен живот за сите наши сограѓани, град без делби. Јас ќе останам достапен и близок до сите граѓани во градот Скопје. Не очекувајте од мене салонски политичар, затоа што и во мојата општина додека раководев во изминативе 4 години, покажав дека сум се освен салонски политичар“, вели Орце Ѓорѓиевски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за кандидат за градоначалник на Гази Баба да го предложи  актуелниот градоначалник  Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски кој доаѓа од приватниот сектор. За Лозово, Пехчево, Ресен и Зрновци за кандидати остануваат актуелните градоначалници.

СДСМ пак сè уште го нема објавено името на нивниот кандидат за градоначалник на Скопје. Неофицијално во игра за Скопје се архитектот Мишко Ралев, но и потпретседателката на партијата, Каја Шукова.

Локалните избори ќе се одржат во октомври.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кога различноста кај младите зборува во еден глас: Овој простор им припаѓа на сите

Следно

Палестинците го осудија планот на американската фирма за присилно раселување на жителите на Газа

Latest from Blog

Славен пејач падна од бината среде настап- го поддржа Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Инцидентот се случи само два месеци пред неговиот долгоочекуван и контроверзен настап на полувремето на Супербоул. Несреќа среде настапот Раперот, чие вистинско име е Бенито Окасио (31), бил среде изведувањето на својот

Омерагиќ најавува предлог за нов селектор до 25 декември

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На состанокот беа разменети размислувања за профилот
Go toTop