Див приклучок – крадел по половина олимписки базен вода дневно од скопскиот водовод

July 5, 2025
1 min read

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ (ЈПВК) денеска соопшти дека во координација со МВР открило нелегален приклучок на градската мрежа за питка вода во општина Сарај. При контролата било утврдено дека сопственик на неколку илјади квадратни метри пластеници ја користел водата за наводнување без да плаќа, по што против него е поднесена кривична пријава.

Според податоците од системот за мониторинг на ЈПВК, во јуни биле регистрирани рекордни врвови во потрошувачката — дури 356 000 кубни метри вода во одделни денови, што одговара на просек од околу 700 литри дневно по жител. Надлежните наведуваат дека ваквите скокови по правило се појавуваат попладне, токму кога дел од корисниците остануваат со слаб притисок или без вода.

Од претпријатието нагласуваат дека неконтролираното користење на питка вода за полевање ниви, полнење базени и миење возила не само што го оптоварува системот и го влошува квалитетот на снабдувањето, туку и нанесува финансиска штета од илјадници евра. „Дивите приклучоци директно ги оштетуваат граѓаните и претпријатието, а честопати се причина за недостаток на вода во урбаните и руралните зони“, велат од ЈПВК.

Од МВР потврдуваат дека истрагата продолжува и најавуваат засилени теренски контроли во деловите каде што е забележана необично висока потрошувачка. Претпријатието, пак, апелира до граѓаните да пријавуваат сомнителни активности и потсетува дека кражбата на вода е казниво дело.

Надлежните институции најавија координиран настап за да се сузбијат нелегалните приклучоци и да се обезбеди стабилно водоснабдување во летниот период кога побарувачката е највисока.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Турскиот претседател ги повика Азербејџан и Русија да покажат воздржаност поради тензиите

Следно

СТЕВАН СМИЛЕВСКИ ЈА ПРИМИ АРХИТЕКТОНСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“

Latest from Blog

Психолог открива која е најголема причина за кавга помеѓу паровите

 Но, после години истражување и сопственото искуство во бракот, психологот Марк Траверс вели дека вистинската причина е многу поедноставна – тонот на гласот. Проблем не се валканите садови или неплатената сметка, туку

Сестрата на Меланија Трамп открИ КАКО МЕЛАНИЈА ИЗГЛЕДАЛА ПРЕД ПЛАСТИЧАРИТЕ ДА ЈА СРЕДАТ

Козметичките хирурзи во разговор со DailyMail.com го коментираа изгледот на првата дама на Америка и заклучија дека таа мора неодамна да стави дополнителни филери за да го освежи лицето. Козметичките хирурзи во

Словачка ќе им забрани на пешаците да се движат со брзина поголема од 6 км/час

Вчера попладне, Парламентот во Братислава усвои измени на законот за сообраќај, со кои ќе се ограничи максималната брзина на тротоарите во урбаните средини на 6 километри на час. Мерката се однесува на
Go toTop