Прилепските археолози открија 2000 години стара римска бања

July 5, 2025
1 min read

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сѐ уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец, но ги открива социокултурните одлики на нашите предци.

-На овој објект работиме вторпат. Тоа е бања од римскиот период, датира  од преминот на старата во  новата ера, или од 1 век пред или 1 век од нашата ера. Не е дека претходно жителите не одржувале лична хигиена, но како архитектура припаѓа на римските бањи и е од периодот кога Римската империја завладеала на овие простори. Оваа бања е јавна и е комплесен објект. Покрај оваа, имало просторија со топла вода, па базен со ладна вода, па просторија каде граѓаните ја користеле како гардероба. Така што, ние сме на самиот почеток на истражувањата на оваа комплексна градба. Станува збор за т.н. висечки под. На него биле керамичките плочи и малтерната подлога кои се држеле врз столпчиња, а под тој висечки под струел топол воздух кој доаѓал од друга просторија каде што се ложеле дрва за загревање. Тука нашите предци буквално се потеле, функционирало како сауна и, воопшто, како еден денешен спа- центар, објаснува Душко Темелкоски, археолог во Завод и музеј Прилеп, кој ги раководи истражувањата.

Археолозите допрва ќе ги откриваат тајните на комплексот, зашто истражена е само една третина. Најголем предизвик е да се открие името на таинствениот град кој бил доста значаен за населението од Пелагонија.

-Во врска со овој град, имаме некои индиции дека е поголем град, позначајна урбана населба од античко време. Во селската црква во Прилепец има неколку епиграфски споменици и на еден натпис е забележано дека овој град имал тесна соработка со античка Стибера. Но, за жал, не се споменува името на „овој град“, објаснува Темелкоски.

Досега трипати се истражувало на локалитетот Долиште. Прво беа откриени гробници и големи глинени садови за храна.

-Локалитетот е познат како Долиште, се наоѓа меѓу двете прилепски села Прилепец и Волково. Досега Прилепскиот музеј има истражувано во три наврати. Во првата кампања, заедно со Катедрата за археологија од Филозофскиот факултет во Скопје, истражувавме на неколку пунктови каде што се вршеле погребувања. Музејот, исто така, истражуваше на друга локација во овој комплекс каде пронајдовме две градби – во едната најдовме големи питоси, керамички ќупови каде се складирала храна. Ова е веќе трет пункт и работиме на бањата. Зборуваме за многу поголем простор каде што лежел тој антички град чие име сѐ уште не му го знаеме, вели архелогот Темелкоски. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Косовскиот парламент евакуиран поради добиена безбедносна закана

Следно

Реакција на СДСМ за една година од работата на Тошковски

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop