Во израелски напади во Газа врз шатори и училишта-засолништа убиени 21 Палестинец

July 5, 2025
1 min read

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 Палестинец е убиен, а десетици се повредени во израелските напади од раните утрински часови во Појасот Газа, соопштија медицински извори, јавува Анадолу.

Седум лица се убиени, а многумина се повредени во израелски напад врз училиште претворено во засолниште во населбата Зејтун во градот Газа, изјавија медицински извори за Анадолу.

Во израелските напади убиени се уште три лица, меѓу кои и две деца, а многумина се повредени во друго училиште каде што се сместени раселени Палестинци, во населбата Шеик Ридван во градот Газа.

Медицински извори изјавија дека братче и сестриче се убиени, а повеќемина се повредени во израелски напад со дрон врз станбена зграда во бегалскиот камп Ал-Бурејџ.

Израелските напади таргетираа дом во бегалскиот камп Магази, во централниот дел на Појасот Газа, при што убиени се двајца Палестинци, изјавија медицински извори.

Палестински лекар и четири негови синови се убиени во израелски напад со дрон врз шатор во кој се сместени раселени лица во Ал-Маваси, западен Кан Јунис, според медицински извори.

Во истата област, еден Палестинец и неговиот единствен син се исто така убиени во израелски напад врз шатор.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува геноцидна војна во Газа, убивајќи над 57.200 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист почина на пат кон скопска клиника

Следно

ВИДЕО: Тага до небото: Гондомар се простува од Жота и Андре Силва

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop