За коридорите 8 и 10д минатиот месец исплатени 681.026.665 денари на Бехтел и Енка

July 5, 2025
1 min read

Изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10д продолжува со засилен теренски ангажман, покажува најновиот месечен извештај за надзор на работите. Во мај изведувачот „Бехтел и Енка“ најмногу работел на геотехнички истражувања, проектирање, подготовка на експропријација, привремено управување со сообраќајот и откривање експлозивни направи, како и на земјени и конструктивни зафати на трасата.

Во истиот месец државата преку Јавното претпријатие за државни патишта исплатила 681 милион денари (околу 11 милиони евра) кон изведувачот. Претходно, годинава беа извршени две исплати: 599,8 милиони денари на 22 април и 524,9 милиони денари на 30 април. Со ова вкупно се исплатени повеќе од 312 милиони евра од предвидените 1,3 милијарди евра според договорот потпишан во март 2023 година.

Извештајот нотира дека експропријацијата напредува со 87 % завршеност на трасата Тетово‒Гостивар, 72 % на Гостивар‒Букојчани и 78 % на Прилеп‒Битола. Геотехничките истражувања се завршени целосно кај Тетово‒Гостивар, 73 % кај Букојчани‒Гостивар и 63 % кај Прилеп‒Битола.

Во делот на спецификациите и проектирањето, напредокот изнесува 69 % на делницата Тетово‒Гостивар, 35 % на Букојчани‒Гостивар и 50 % на Прилеп‒Битола. За Требеништа‒Ќафасан се планира ревизија на трасата, поради потребата да се заштити статусот на Охридското Езеро и неговиот регион.

До крајот на мај на проектот биле ангажирани 1 929 работници и 1 119 градежни машини, што укажува на засилено темпо на изведба во пресрет на градежната сезона.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути

Следно

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика“

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop