„One stop“ и на граничниот премин „Табановце“ – Дачиќ скептик за технологијата, Тошковски уверен: Ќе го намали чекањето

July 4, 2025
1 min read

Едниот пристигна со хеликоптер од Белград, другиот со полициска придружба од Скопје. Средбата се одржа на најфреквентната точка од Коридорот 10.

Додека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот српски колега Ивица Дачиќ го потпишуваа договорот за „One Stop“ во климатизирана просторија на Табановце-Прешево, на теренот продолжуваа долги редици возила и сирени на автомобили и камиони, и покрај тоа што новиот систем за заеднички влезни контроли веќе стапи на сила.

Српскиот министер Ивица Дачиќ изјави дека нема голема доверба во овој систем, но посака да функционира како што е планирано.

„Јас сум од таа генерација што немаше висока технологија и софистицирана техника, и понекогаш немам баш голема доверба во сето ова. Но, се надевам дека ќе функционира сè како што е замислено и дека ќе има што е можно помалку чекање на граничните премини, а граѓаните ќе бидат задоволни.“, вели Ивица Дачиќ.

Македонскиот министер Тошковски го увери својот колега дека ќе се забрза протокот на автомобили.

„На прашање на ТВ21 за граничниот премин Лојане-Миратоци, кој повеќе од 10 години е запоставен, министерот Дачиќ одговори дека не е направено ништо од ниту едната страна во однос на инфраструктурата за отворање на овој мал граничен премин. Додека судбината на Лојане-Миратоци сè уште е неизвесна, Македонија има уште еден заеднички премин Пелинце, каде засега не се планира воведување на „One Stop“, вели Панче Тошковски.

Денес беше потпишан и протокол за размена на полициски службеници по потреба во туристичките центри што се од заеднички интерес. Ова значи дека, на пример, во Охрид, за време на летната сезона, може да помагаат српски полицајци заедно со македонските колеги за одржување ред и мир, а по потреба македонски полицајци може да асистираат во Србија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Јовева со остри критики пред гласањето за извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент: „Јас ја бирам страната каде што идентитетот и јазикот се оставени на мир“

Следно

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Latest from Blog

Швебе ги спасуваше „јарците“, но Борусија се спаси во 7. минута од судиското продолжение!

Фото: Борусија Дортмунд Х Во рамките на осмото коло од германската Бундеслига, екипата на Борусија Дортмунд на домашен терен го совлада Келн со гол постигнат во последната минута од натпреварот. Се очекуваше

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше

Левичарката Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

Според прелиминарните резултати, независната кандидатка на левичарската партија, Кетрин Коноли, победи на претседателските избори во Ирска со убедлива разлика, освојувајќи 64 проценти од гласовите по преброени две третини од гласачките ливчиња. Нејзиниот
Go toTop