Галичка свадба 2025: Зурли, тапани и вековни мијачки обичаи од 11 до 13 јули

July 4, 2025
1 min read

Од 11 до 13 јули Галичник повторно ќе одекнува со зурли, тапани и мијачки ора – започнува традиционалната „Галичка свадба“, манифестација што повеќе од половина век го чува жив културното наследство на Бистра. Главни ликови годинава се младоженците Јован Филипоски, потомок на старо галичко семејство, и Лилјана Михајлоска, кои велат дека учеството им е исполнување на детски сон и завет кон предците.

Организатор е месната заедница „Галичник“, а покровител претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и главниот спонзор „Пивара Скопје“ со брендот СКОПСКО. Организаторите најавуваат специјален сообраќаен режим и апелираат за одговорно однесување, особено во поглед на консумацијата на алкохол и заштитата на природата.

Тродневната програма ќе стартува во петок со монодрама на мијачки дијалект посветена на 150-годишнината од „Тријазичникот“ на Ѓорѓија Пулески, проследена со DJ-забава. Во сабота ќе се изведуваат обичаите „китење и бајрак“, „фрлање пушка“ и свекрвиното оро, а „Танец“ на платото пред чешмата Упија ќе ги одигра „Невестинското“ и „Тешкото“, симболи на печалбарството и непокорот. Вечерта невестата, со факели и зурли, ќе полни вода од трите прочуени чешми – Секуличе, Динговиче и Упија.

Неделата е резервирана за „канење на мртвите“, „бричење на зетот“, „гледање низ прстен“, дарување и венчавање во црквата „Св. Петар и Павле“. Завршниот акт – испраќањето на тапанџиите и зурлаџиите – традиционално го означува крајот на свадбата. Настанот ќе се пренесува во живо на видео-екран во селото и преку социјалните мрежи, овозможувајќи и на оние кои не можат да допатуваат, да ја почувствуваат магијата на најпознатата македонска свадба.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Следно

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop